вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Македонскиот ајвар се повлекува од маркетите во Словенија, се сомневаат дека има штетни материи

Македонскиот ајвар се повлекува од маркетите во Словенија, се сомневаат дека има штетни материи

Словенечката Управа за безбедност на храната од страна на синџирот маркети Шпар, била известена дека од продажба повлекуваат ајвар произведен во Македонија, поради присуство на недозволени материи.

Како што јави дописникот на МИА до Љубљана, оваа информациија е објавена на интернет страна на словенечката Влада.

Засега не се соопштува за какви штетни материи се работи, но на известувањето пишува дека ајварот е произведен од компанијата Алтера Фуд д.о.о. со седиште во Гевгелија.

Со објавата се повикуваат сите оние кои имаат купено од ајварот, да го вратат во една од продавниците на Шпар Словенија. (МИА)

Коронавирус