петок, 15. октомври 2021. Вести денес: 189
Во живо

Централен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Штип

home Вести

Македонски железници нема пари за плати, а ќе потроши милиони за авионски билети

Македонски железници нема пари за плати, а ќе потроши милиони за авионски билети

Јавно претпријатие за железничка инфраструктура Македонски железници ќе потроши 1,2 милиони денари за авионски билети за службени патувања следната година, во услови кога секој месец вработените штрајкуваат за неисплатени заостанати плати.

На крајот на минатата година со одлука на Владата, Македонски железници преку заем од ЕЛЕМ и МЕПСО обезбеди пари за исплата на ноемвриската плата на вработените, а се уште е отворено прашањето како ќе бидат покриени плати годинава со оглед на тоа што претпријатието работи непрофитабилно со години.

Лошата финансиска ситуација на Македонски железници ја покажува и долгот кој што го има кон Управата за јавни приходи (УЈП). Според последната Листа на должници која што ја објави УЈП, Јавнoто претпријатие за железничка инфраструктура на државата и должи 46.517.870 денари или 760.000 евра за неплатени даноци.

Коронавирус