сабота, 4. јули 2020. Вести денес: 0
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Што мисли Заев за Црвенковски и колку е Заев богат?

home Вести

Македонски граѓани заглавени низ светот: Од нашите амбасади дрско спуштаат слушалки, некои им викаат и полиција!

Македонски граѓани заглавени низ светот: Од нашите амбасади дрско спуштаат слушалки, некои им викаат и полиција!

Откако Владата денеска најави дека селективно ќе враќа 915 македонски државјани од Германија на трошок на патниците, со реакции на социјалните мрежи се јавија и стотици граѓани кои со денови се заглавени низ целиот свет.

Имено тие се жалат на некоректниот однос на амбасадорите и македонските конзулати низ целиот свет, особено во Европа.

Дел од граѓаните велат дека тие иако побарале помош од нив, или тие ги игнорирале или дрско ги одбивале.

„Еве сме во амбасадата на Северна Македонија во Љубљана ѕвоневме не се јавуваат, ги замолувам од Влада да преземат нешто за да си дојдеме дома во нашата земја.“

 

„Ве молам да имате во предвид кога назначувате амбасадори, да назначите лица кои треба да претставуваат и да се грижат за Македонските државјани, а не амбасадорот во Виена да им повикува полиција на македонските државјани кои 7 дена спијат во своите возила чекајќи некој да им помогне безбедно да се вратат во својата држава“.

„Во Франција од македонската амбасада не сакале ниту до крај да ги сослушаат, им затвориле телефон“.

Ова се само дел од реакциите на социјалните мрежи на заглавените Македонци низ целиот Свет.

 

 

Парламентарни избори 2020