четврток, 28. октомври 2021. Вести денес: 50
home Вести

Македонската Влада ќе донесе пакет мерки за месецот Рамазан

Македонската Влада ќе донесе пакет мерки за месецот Рамазан

Централниот кризен штаб за КОВИД-19, деновиве ќе разговара на тема месец Рамазан, изјави вицепремиерот Бујар Османи, кој истакна дека веројатно Владата ќе донесе пакет на одлуки кој се однесуваат на овој месец.

-Деновиве планираме во Централниот штаб да разговараме во однос на месецот Рамазан, бидејќи се работи за празник од 30 дена, со одредени специфики за да ги видиме сите околности кои се можните ризици од евентуално однесување на луѓето почитувајќи ги верските обврски, рече Османи.

Османи, воедно им за заблогодари на челниците на ИВЗ кој доброволно прифатија да ги затвораат џамите, односно да ги забранат верските обреди веќе неколку недели.

– Мислам дека така и треба да продолжи и во наредниот период се додека не се стабилизира здравствената состојба, односно Комисијата за заразни болести не донесе одлука дека може повторно да има собирање на луѓето, изјави Османи.

Светиот месец Рамазан, е предвидено да почне на 24 април (во петок) и ќе трае 30 дена. (МИА)

Локални избори 2021