недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Македонската полиција на готовс, војна со мигранти на Солунско поле (ВИДЕО)

Македонската полиција на готовс, војна со мигранти на Солунско поле (ВИДЕО)

По информациите дека стотици мигранти од бегалскиот камп во Солун се упатиле кон границата со Македонија, надлежните велат дека ситуацијата е под контрола и дека земјава е поподготвена да се справи со евентуален предизвик од нов бран на мигранти.

– Преку посебни планови веќе е зајакнато обезбедувањето на државната граница помеѓу Грција и Република Северна Македонија. Се работи за околу 1200 до 1500 мигранти, сега за сега колегите од Грција ја контролираат таа бројка, но секако дека ние имаме обврска да бидеме подготвени и да ја штитиме границата и евентуалната можност за влез во Република Северна Македонија, изјави ресорниот министер Оливер Спасовски, пренесе Слободна Европа.

– Во овој дел ние соработуваме со „Фронтекс” и со државите од регионот и Европската Унија и ги следиме политиките на ЕУ во делот на справувањето со мигрантската криза и нормално дека сме подготвени да одговориме на секаков предизвик кој стои пред нас, категоричен е Спасовски.

Во Грција пак полицијата одговори со шок бомби и со солзавец.

Тензиите почнаа вчера, а продолжија и денес кога 500 мигранти од еден див камп решија да ја преминат границата.

Денес изутрина група жени се обиделе да го пробијат полицискиот кордон, но не успеале во тоа, а вчерашните судири со полицијата завршија со апсење на еден Ирачанин заради давање отпор при апсење и нанесување повреда на полицаец.

Медиумите објавија дека конвојот тргнал кон границата со Македонија откако на Фејсбук била објавена лажна информација дека македонските власти ќе ја отворат границата и ќе ги пропуштат на патот, најверојатно, за Германија како крајна дестинација.

Коронавирус