вторник, 18. февруари 2020. Вести денес: 81
home Вести

Македонска трагедија: Актери и режисери се носат со полициска придружба, а убијците од масакрот кај Смилковското езеро слободно парадираат

Македонска трагедија: Актери и режисери се носат со полициска придружба, а убијците од масакрот кај Смилковското езеро слободно парадираат

Македонија веројатно е единствена држава на Европскиот континент, држава која е дел од западната цивилизација која во затворите има политички затвореници, а во судството се уште се водат политички монтирани случаи.  Имено додека уметници, актери, режисери, доктори и пратеници се носат на судење со лисици и со полициска придружба обвинети за тероризам, убијците од масакрот кај Смилковското езеро парадираат слободно пред очите на семејствата на убиените.

Да се потсетиме дека Врховниот суд ги укина првостепената и второстепената пресуда за предметот „Монструм“ и ги ослободи убијците. Зоран Заев ветуваше докази дека лицата обвинети во случајот се невини, но сепак тие докази никогаш не беа доставени. Семејствата на убиените по ваквото неодговорно однесување на Заев истакнаа дека тој манипулира и уценува со доказите, а со таквото негово однесување според нив „Заев е поголем монструм од убијците’’.

Заштитениот сведок во судницата препозна двајца од обвинетите, Агим Исмаиловиќ и Сами Љута во случајот ,,Монструм’’. И уште еден кој не е обвинет, но моментално е во судницата, за кој рече дека не смее да го посочи од безбедносни причини. За Сами Љута вели дека 100 отсто е сигурен дека е човекот со долга коса.

Адвокатот на Горан Ангелов кој е еден од обвинетите за случувањата од 27 април, Тони Менкиновски истакна дека не очекува фер судење на обвинетите во случајот. Тој препозна една историска нишка која им се повторува на Македонците, нишка на политички монтирани случаи во кои Македонците се судени за нивната љубов кон татковината.

-Многу ми е жал што ваквиот процес за нас Македонците не е прв. Ние имаме четири вакви процеси кои започнуваат од 1892 година во Софија, бидејќи јас истражував претходно, тоа е првиот македонски процес тоа е во Софија против Александар Караѓулев. Вториот доаѓа во 1927 година против македонските студенти, па понатака имате 1942 година, значи тоа е процес против македонскиот литературен кружок каде со смртна пресуда е осуден Никола Јанко Вапцаров. И предметот против Котевски. Значи овие се предмети кои се брзи. Тие наши Македонци како и овие сегашни Македонци биле обвинети за насилно уривање на уставниот поредок на тогашните држави, сега имаме на нашата држава. Историјата се повторува за жал на нас Македонците. И како сега јас да бидам соучесник во нешто што е надвор од сите цивилизациски придобивки од сите стандарди, потенцира тој.

Едно нешто кое е заедничко за двата случаи е што тие во македонската историја ќе бидат запаметени како најголемиот срам за македонското судство, случајот 27 април како политички монтиран случај во кој за тероризам се обвинети невини луѓе, а случајот ,,Монструм’΄ како случај во кој еден масакр не остана неказнет, а правдата после 6 години се уште е незадоволена.