понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 129
home Вести

Македонска пошта се обезвреднува ќе ја купи ли некој олигарх на власта “без пари”

Македонска пошта се обезвреднува ќе ја купи ли некој олигарх на власта “без пари”
Posta, makedonska posta direkcija

Сите сме сведоци на фактот дека кога и да е СДСМ на власт, се случува да пропадне некоја банка, штедилница или пошта. За жал, истото се повторува и сега. Последен во низата случаи е пропаѓањеро на Еуростандард банка.

Според Трифун Костовски, кој има капитал во банката, стечајот на банката бил планиран подолго време, а тоа е директно поврзано со Македонска пошта, односно главни играчи на целата игра се луѓе на власта.

-Тоа се стари финти кои СДСМ ги прави секогаш кога управува со државата, а овој пат се прави т.н размена на територии помеѓу СДСМ и ДУИ, односно СДСМ да ја превземе Македонска пошта од ДУИ, за подоцна на сличен начин како со Еуростандард банка, да се реваншираат, рече Костовски на синоќешното гостување на емисијата Заспиј ако можеш на телевизија Алфа.

Македонска пошта имаат преку 330 експозитури во Македонија, а тоа значи дека во истите има огромен број на вработени, кои за жал дел ќе мораат да ја напуштат институцијата и да останат без работа. Познавачите на приликите велат дека ива е однапред смислен план за убивање на бизнис и институција во исто време, со што ќе се клекне системот на колена, а некој човек од власта за “без пари” ќе може да ја превземе Македонска пошта.

Уште еднаш се потврдува тезата дека СДСМ освен што крои политики како да ги ситуира своите блиски членови и луѓе од врвот, друго не ги интересира ништо. Сите ветувања и проекти кои граѓаните ги очекуваат од нив се фрлени во вода, само криминалот цвета и од ден во ден се повеќе прогресира.

Коронавирус