недела, 20. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

Македонија загадена и во пролет: Вчеравечер најзагадени Карпош и Тетово, граѓаните пријавуваат надлежните два месеци не реагираат!

Македонија загадена и во пролет: Вчеравечер најзагадени Карпош и Тетово, граѓаните пријавуваат надлежните два месеци не реагираат!

Македонија повторно е загадена! Ова го покажуваат резултатите од апликацијата „Мој воздух“ на која вчеравечер во Карпош се измерени дури 129/100 AQI.

Инаку AQI – Air Quality Index, е мерка која прави сума на сите измерени вредности од сензорите на една станица, прикажувајќи ја загаденоста на Европската скала за AQI од 0 до 100. Мерка под 25 означува многу ниска загаденост, под 50 – ниска, под 75 – средна, под 100 – висока, и над 100 – екстремно висока.

Граѓаните на Карпош преку социјалните мрежи вчера се запрашуваа што ли се случува во нивната општина, бидејќи многу мирисало во ноќните часови.

Загадено вчера и денес е и Тетово каде загаденоста изнесува 116 милиграми ПМ честички на метар кубен.