сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 12
home Вести

Македонија забрзано се иселува: За 10 месеци од Штип и Кочани 130 ученици се испишале поради иселување на фамилиите во странство

Македонија забрзано се иселува: За 10 месеци од Штип и Кочани 130 ученици се испишале поради иселување на фамилиите во странство

Иселувањето стана сериозен проблем во Македонија. Изминатите денови беа пласирани фрапантни податоци дека за три месеци од почетокот на оваа учебна година од основните и средните училишта во Општина Кочани се отпишале 20 ученици, за кои родителите навеле дека причината е иселување во странство.

За една година, пак, од штипските основни и средни училишта заминале во странство со своите родители вкупно 77 ученици. Податоците на Секторот за јавни дејности во Општина Штип покажуваат дека бројките се поголеми во основните училишта, од каде што биле отпишани 48 ученици, а од средните 29.

Според истражувањата на терен бројката на отпишани ученици поради иселување на фамилиите во странство процентуално е приближно иста како во Кочани и Штип односно изнесува околу десетина проценти на годишно ниво.

Истражувањето на Центарот за истражување и креирање политики покажа покрај тоа дека 76,7 отсто од младите кои живеат во државава размислуваат да се иселат. Клучна причина за иселувањето е лошиот квалитет на живот кој, покрај материјалните аспекти, ја опфаќа целокупната ситуација на политичка и економска несигурност во државата, квалитетот на јавните услуги во образованието, здравството, социјалната заштита, можностите за личен и кариерен развој, вклученоста во процесите на носење одлуки што ги засегаат.

Овие тенденции се сосема спротивни од најавите на актуелната Влада дека ќе ги врати иселените млади лица од државава но реалноста е сосема поинаква до тој степен што во последнава година иселувањето дури и е драстично забрзано.

За негативниот тренд на миграции неодамна предупреди и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Ако дискутираме за иселувањето, сега никогаш не било по интензивно тоа иселување. Сега можам да ви кажам дека имаме и статистички и фактографски најмасовно иселување на младите и тоа го докажуваат сите оние автобуси кои секој ден тргнуваат од Република Македонија кон другите земји, кон побогатите земји во Европа. Проблемот со лошата социо -економска ситуација не е договорот и не е НАТО или нешто друго туку криминалната транзиција која се случуваше во Македонија, континуираното осиромашување на овој народ, немањето реална државничка политика, потенцира Мицкоски.

Коронавирус