понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 102
home Вести

Македонија воведува задолжителен ПЦР тест за државјани од Косово

Македонија воведува задолжителен ПЦР тест за државјани од Косово

Комисијата за заразни болести, на утринскиот состанок донесе одлука да се воведе задолжителен ПЦР тестирање за патниците од Косово коишто минуваат низ Република Македонија, информираат од Министерството за здравство.

Транзит-патниците на граничниот премин треба да покажат негативен ПЦР тест не постар од 72 часа.

Предлогот од Комисијата ќе биде доставен до Владата на Република Македонија.

Коронавирус