среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 0
home Вести

Македонија во слободен пад со СДСМ: Се лизнавме 13 места подолу на индексот на корупција на Транспаренси

Македонија е во слободен пад со владата предводена од СДСМ. Ја имаме најлошата позиција во целиот регион. Пред нас е и Албанија. Сите останати соседи се многу подобро позиционирани. Нашата држава се лизна за цели 13 места подолу на индексот на корупција во 2019 година на Транспаренси Интернешнл и е во „друштво“ со Монголија и Брегот на Слоновата Коска. Ниту претходната 2018 година не беше сјајна ситуацијата- го делевме 93-то место со Косово, како најслабо рангирани на Балканот. Со ова темпо, благодарение на оваа влада, Македонија за неколку години би го допрела дното!
Македонија во слободен пад со СДСМ: Се лизнавме 13 места подолу на индексот на корупција на Транспаренси

Македонија бележи пад од 13 места на ранг листата на Транспаренси Интернешнл за индексот на корупција во 2019 година.

На 106. место, нашата држава се најде во „друштво“ на Албанија, Бразил, Монголија, Брегот на Слоновата коска, Алжир и Египет. Извештајот потврдува дека сме најкорумпирана земја во Европа.

Земји со најниско ниво на корупција се Нов Зеланд и Данска, со освоени 87 поени, а потоа следуваат Финска (86), Сингапур (85), Шведска (85) и Швајцарија (85).

Земјите кои се најдоа на дното на табелата се Сомалија, Јужен Судан и Сирија со оценки 9, 12 и 13, соодветно. Овие земји внимателно ги следат Јемен (15), Венецуела (16), Судан (16), Екваторска Гвинеја (16) и Авганистан (16).

Инаку, индексот рангира 180 земји и територии според нивото на корупција во јавниот сектор, според експертите и деловните луѓе.

Тој користи скала од нула до 100, каде што нулата е многу корумпирана и 100 е многу чиста.

Ниту претходно, во 2018 година не беше сјајна ситуацијата. Во Индексот за перцепција на корупцијата во 2018 година на Транспаренси Интернешнал, Македонија и Косово го делеа 93 место во однос на корупцијата. Тие беа најслабо рангирани на Балканот.

Со ова темпо на СДСМ и Зоран Заев, Македонија за неколку години би го допрела дното на ранг листата.

Коронавирус