четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 186
home Вести

Македонија во друштво на Либија и Ирак: Се наоѓаме меѓу 7-те држави во светот што имаат најбрзо растечка зараза!

Македонија во друштво на Либија и Ирак: Се наоѓаме меѓу 7-те држави во светот што имаат најбрзо растечка зараза!

„Њујорк Тајмс“ објави мапа од сите земји во светот каде што е присутна заразата со коронавирусот, но со првична цел – да се издвојат државите кои во моментов доживуваат засилен раст на заразени од ковид-19.

Една од тие земји обележани со црвена боја е и Република Македонија.

Како што може да се забележи на мапата, Македонија е во друштво на Либија, на Ирак и на Суринам.

-Речиси секоја земја во светот има коронавирус, покажува мапата. Сепак, многу држави продолжуваат и понатаму да се соочуваат со сè поголем број случаи на заразени со ковид-19. Најголеми жаришта има во Латинска Америка, во Африка, во Азија и на Блискиот исток, пишува „Њујорк Тајмс“.

Локални избори 2021