сабота, 22. февруари 2020. Вести денес: 54
home Вести

МАКЕДОНИЈА СЕ ГУШИ: Кавадарци најзагаден град во државата, во Скопје Лисиче на првото место (ФОТО)

МАКЕДОНИЈА СЕ ГУШИ: Кавадарци најзагаден град во државата, во Скопје Лисиче на првото место (ФОТО)

Загаденоста никако да стивне во новата 2020 година.

Вечерва Кавадарци бешее најзагаден град во земјава со 494 микрограми на метар кубен ПМ 10 честички, додека зад него е Струмица со 332.

Во Скопје најзагадена општина вечерва е скопско Лисиче со 322 ПМ 10 честички на метар кубен, додека потоа следуваат Гази Баба со 215 и Ректорат со 202 ПМ 10 честички на метар кубен.

Загадени се и Велес, Тетово, Куманово и Кичево.

Инаку пред неколку дена градоначалникот Шилегов најави и дека на крајот на зимото ќе доделува и субвенции за купување на инвертор клими, што за многумина е парадоксално среде месец јануари на овој начин да се мотивираат граѓаните кога грејната сезона е во полн ек и речиси на крајот.