петок, 28. февруари 2020. Вести денес: 2
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Македонија вечерва се гуши: Додека Лисиче е најзагадено, Макрадули на крајот на зимата ветува субвенции за инвертор клими

И додека граѓаните едвај чекаат да помине зимото и загадениот воздух со него, заменик министерот за животна средина Јани Макрадули се мајтапи со граѓаните.
Македонија вечерва се гуши: Додека Лисиче е најзагадено, Макрадули на крајот на зимата ветува субвенции за инвертор клими

Македонија вечерва повторно се гуши.

И додека граѓаните едвај чекаат да помине зимото и загадениот воздух со него, заменик министерот за животна средина Јани Макрадули се мајтапи со граѓаните.

Имено вечерва мапата на загаденост во Македонија повторно е во алармантна црвена боја, додека Макрадули на крајот од зимата вети дека власта ќе го стартува долго очекуваниот најавуван проект за инвертор клими.

И додека во скопско Лисиче вечерва загаденоста е највисока со 222 микрограми ПМ 10 честички на метар кубен, во Кичево 214, Кавадарци 200 и Струмица 197, власта на ќе им враќа пари на граѓаните откако зимото речиси и помина.