среда, 5. август 2020. Вести денес: 176
home Вести

Македонија тоне: Криминалци на улица, невини луѓе во затвори, граѓаните се надеваат на подобро утре

Македонија тоне: Криминалци на улица, невини луѓе во затвори, граѓаните се надеваат на подобро утре

Јавноста веќе со години е сведок на безредието и криминалот што владее во нашата земја.

Доказ за сето тоа се безбројните кражби, убиства, ниски казни, ослободувања од затвори и што уште не…

Едни од најсвежите примери на кои јавноста е гневна се криминалците кои се на улица и ослободени од страна на власта, додека пак други дозволија и да заминат од земјава.

Неодамна истото се случи и со Игор Спасов осуденикот за убиството на Мартин Нешковски кој неофицијално е избеган во Холандија, а сето тоа го дозволила власта.

Границата ја поминал на нелегален граничен премин, а потоа најверојатно патувал со патната исправа која не му била одземена кога судот во Штип му ја одложил затворската казна на 14 месеци.

Затворскиот бегалец, државата ја напуштил во октомври минатата година и тоа сам, додека неговото семејство било во Штип.

За време на паузата, судот немал потреба да изврши контрола дали Спасов е дома, колку е сериозна неговата здравствена состојба, туку се било проформа и се завршувало со поднесување документи и аминување одлагање, но не и проверки.

Убиецот на Мартин Нешковски на издржување затворска казна требаше да се појави на 18 ти  октомври лани, по што и официјално стана бегалец.

Инаку Игор Спасов во 2012 година беше осуден за убиството на Мартин Нешкоски. Тој одлежа половина од затворската казна. Поради здравствени причини судот во Штип во повеќе наврати му ја прекинуваше казната. Последниот пат во август лани кога побарал одлагање поради операција на кила. Дел од лекарскиот тим кој ја вршел интервенцијата бил и неговиот баџанак.

Што е различно во МВР: Потерницата за Агим Красниќи издадена дупло побрзо од онаа за Игор Спасов?

Агим Красниќи, Сехат Рамадани и Игор Спасов се првите три лица кои се објавени во делот „Потраги“ на интернет страната на Министерството за внатрешни работи. Заедничко за сите тројца е што се бараат со меѓународни потерници и се избегани од затворот во Штип. Но, институционалниот третман за овие осуденици се разликува.

Прашањето кое повторно се актуелизира во јавноста по бегството на Красниќи и Рамадани и реакцијата на МВР е дали на Спасов му беше даде дополнително време за бегството? Што е различно во тогашното и сегашното МВР? Една работа е сигурна, во изминатиот период на чело на МВР седнаа повеќе различни министри.

Красниќи и Рамадани кои се осудени за злосторничко здружување и поседување оружје и други кривични дела во февруари годинава не се вратија во затворот во Штип, каде ги издржуваат казните, а по добиениот слободен викенд. По пријавата и извршените проверки, МВР итно распиша меѓународни потерници за двајцата.

Двојните аршини на власта: Убиецот на младото момче во Аеродром доби 3 години затвор, а дедото кој искуба функционерка лежи 4 години

Скопјанецот А.Т.(18), кој беше обвинет за убиството на Никола Христовски (17) на 14 август лани во „Паркот на музиката“ во Ново Лисиче е осуден на три години затвор.

Како што лани пишувавме, убиството на младиот кошаркар на МЗТ се случило поради меѓуетничка нетрпеливост, откако А.Т. бил навредуван на меѓуетничка основа и нападнат од група момчиња, по што тој со нож го убил Христовски.

-По поднесено обвинение од Основното јавно Обвинителство Скопје, Основниот кривичен суд Скопје на 1.06.2020 година донесе пресуда со која обвинетиот го огласи за виновен за кривично дело -убиство на миг од член 125 од Кривичниот законик и му изрече затворска казна од три години. Надлежниот јавен обвинител вложи жалба на пресудата, изјавија од обвинителството за 24 Инфо.

Кривичниот законик за убиство на миг предвидува казна од една до пет години, а во случаи кога тој што друг ќе лиши од живот на миг, бил доведен без своја вина во состојба на силна раздразнетост со напад или со тешко навредување или како последица на семејно насилство од страна на убиениот.

Според обвинението, на 14.08.2019 година на булеварот Видое Смилевски Бато во населбата Ново Лисиче, обвинетиот, доведен во состојба на силна раздразнетост, со умисла го лишил од живот оштетениот Никола Христовски. Имено, група од повеќе лица, во која бил и оштетениот, го пресретнала обвинетиот во близина на една бензинска пумпа и започнале да го навредуваат и физички да го напаѓаат со влечење и удари по телото. Обвинетиот започнал да бега кон зградите, а групата од околу 30 лица трчале по него, извикувајќи навреди и пцовки. Кога се доближил до влезот на една зграда обвинетиот се обидел да влезе, но не успеал. Во тој момент, прв до него стигнал оштетениот Никола Христовски, па обвинетиот доведен во состојба на силна афективна раздразливост, реагирал импулсивно и не бил во состојба логично да размислува, да расудува и да раководи со своите постапки. Тој извадил нож со сечиво од 9 сантиметри и на оштетениот му задал убодна рана во десната страна на градниот кош. Оштетениот бил пренесен во Ургентниот центар „Мајка Тереза“ каде му бил извршен хируршки зафат, но починал како резултат на крваречки шок.

За потсетување дедото кој искуба висок функционер на власта доби четири години затвор, додека помала казна затвор доби убиецот на Христовски.

Јавноста револтирано уште тогаш на социјалните мрежи коментира и дека ова се двојните аршини на како и дека власта врши притисок врз судската власт во земјава, по што со месеци се организираа протести во знак за неправдата нанесена на младиот Кољо.

Коронавирус