петок, 4. декември 2020. Вести денес: 42
home Вести

Македонија станува единствена земја во светот која наместо да им помага на домаќинствата, истите дополнително ги оптоварува

Македонија станува единствена земја во светот која наместо да им помага на домаќинствата, истите дополнително ги оптоварува

Додека нафтата на светско ниво е под минусот, Владата предводена од СДСМ удира по грбот на народот и ја зголемуваат акцизата.
Владата одлучи акцизата за нафтените деривати да се се зголеми за три денари. На чиј грб ќе падне ова како терет? Секако, на граѓаните.

Народот секако живее многу тешко време. Епидемијата удри по нив, а владата наместо да го ублажи, го засилува тој удар.

На овој предлог се спротистави целата бизнис заедница велејќи дека сме единствена земја во светот која качува акциза за да се справи со корона кризатa.

Поранешниот министер за финансии на Македонија, Кирил Миноски, во изјава за КУРИР оценува дека оваа мерка е признание од власта дека државните финансии се во очајна состојба.

-Зголемувањето на цената на акцизите покажува неколку работи: постојат сериозни проблеми со полнење на буџетот за кој што до пред извесно време се тврдеше дека е ликвиден дека ние како држава сме пример за економски раст и развој и стабилна економија, за да за неполни две недели повторно највисоките претставници на власта ни соопштија дека државните финансии се во очајна состојба. Во исто време според Глобалниот индекс на резистентност на економијата, Македонија е рангирана на 100 место најниско во регионот, како за пример Србија е на 63 место, Црна Гора на 78 место, а Албанија на 95 место. Второ повторно се посегнува по веќе испробаната рецептурата која што веќе еднаш се употреби во 2018 година, на зголемување на акцизата и директно посегнување во џебот на граѓаните, истакна тој.

Потенцира дека сето тоа тогаш помина без големи реакции во јавноста.

-На повиците од стручната јавност во изминативе недели за „солидарност“ од страна на оние кои што во изминатите три децении имаа најголем економски бенефити од државата, се одговори на начин што токму на барање на овие центри на моќ се зголеми акцизата во услови кога на светските берзи постои незабележан пад на цената на нафтата и дури истата се дели бесплатно. Како за пример во соседството денеска веќе медиумите известуваат за намалена цената на нафтените деривати. Сето тоа се прави во името на „солидарноста“ и за доброто на граѓаните, кои што секојдневно се убедувани дека сето тоа се прави за нивно добро.  Ваквите тврдења се спротивни на сите економски постулати дека граѓанинот и приватниот сектор, а не државата подобро и порационално управуваат со средствата, истакна Миноски.

Експертот во областа финансии оценува дека Македонија е единствен пример на земја во светот која наместо да им помага на граѓаните, им става уште еден терет плус.

-Дополнително солидарноста се манифестира на начин што парите ќе се соберат пропорционално повеќе од сиромашните, за да не ги отповариме богатите, што е далеку од принципот на правичност. Со тоа Македонија станува единствен пример на земја во светот која што наместо да им помага на домаќинствата и семејните буџети истите дополнително ги оптоварува. Спротивно на оваа практика во САД секој полнолетен граѓанин доби директна државна помош. Очигледно дека оваа пракса на префрлање на товарот врз обичниот граѓанин и малиот бизнис ќе продолжи да се практикува и во иднина, по принципот три денари денес, шест денари утре, сето тоа во име на „солидарноста“ и со девизата за неколку дена сите ќе заборават на повисоката цена, истакна Миноски во изјава за КУРИР.

Тој посочува дека за да се наполни државниот буџет и ефикасно да се управува со јавните финансии, се разбира, постојат соодветни решенија.

Коронавирус