понеделник, 17. мај 2021. Вести денес: 154
home Вести

Македонија стана црна хроника, а Заев и Филипче на мотор – од почетокот на годината 1718 починати и 58.101 новозаразени

Македонија стана црна хроника, а Заев и Филипче на мотор – од почетокот на годината 1718 починати и 58.101 новозаразени

Почина 28 годишен граѓанин од коронавирус, почина 24 годишна девојка од корона вирус, две родилки на 32 и 33 годишна возраст ја загубија битката со корона вирус на скопска гинекологија, и денеска нови 41 тина починати, најмладиот има само 34 години…. Ова се вестите кои речиси година дена најреално го опишуваат катастрофалното менаџирање на властите на КОВИД пандемијата во државата.

Само од почетокот на годината заклучно со бројките од вчера има починато 1718 лица, додека бројот на новозаболени се искачил за 58.101 лице, што за држава како Македонија е загрижувачка бројка.

Дека корона вирусот го зема својот данок говори и фактот што само од почетокот на месец април има 418 лица. Па така наместо бројот на заболени да достигне 2.000 како што говореше и самиот министер за здравство Венко Филипче на една од прес конференциите минатата година, денеска во Македонија бројот на новозаболени е шест цифрен, односно од корона вирус се заболеле 141.844 граѓани, додека починале 4.228 граѓани.

Полицискиот час кој започна од 10 март со ограничување на движењето од 22 часот до 05 не ги донесе посакуваните ефекти, па власта и министерот за здравство Венко Филипче во недостиг од нови мерки кои би значеле намалување на високиот процент на заразени и починати, како и спречување на ширење на заразата, донесоа одлука полицискиот час да се зголеми од 20 часот до 05, но и да се затворат сите угостителски објекти до 20 април.

Згора на тоа, во Македонија вакцинацијата се одвива со многу слабо темпо, а според анализите на Блумберг од вкупно 122 држави Македонија е на 118 место држава по број на вакцинирани.

Неуспесите на власта ги потврдува и најновите податоци на Блумберг во кој се вели дека на Македонија и се потребни дури 10 години за стекнување на колективен имунутет, за разлика од другите држави од соседството, каде што покажува дека на Србија со ова темпо на вакцинирање се потреби 4 месеци за 75 проценти од населението да биде имунизирано, на Албанија 9 месеци, на Бугарија ќе стекне имунитет речиси три години од сега, додека пак на Република Грција со ова темпо на вакцинација ќе и биде потребна една година за да дојде до посакуваниот колективен имунитет.

И така додека министрите и премиерите од соседството секојдневно информираат колав број набграѓани се валцинирале, до каде се следните пратки за пристигнување на порачани вакцини, Македонија станува држава на смрт, а премиерот Заев и министерот Венко Филипче не пропуштаат речиси викенд за да го искористат своео време за возење на мотори ширум државата, што дополнително придонесува за создавање на ревочт и емпатија кон целата ситуација која според бројките е доста загрижувачка и преплашувачка.

Коронавирус