недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 74
home Вести

Македонија соочена со секојдневни порази откако стартуваше кампањата

Македонија соочена со секојдневни порази откако стартуваше кампањата

Кампањата за претстојните претседателски избори е во тек само неколку дена. Многумина од власта целосно се посветени пак на кампањата на кандидатот Стево Пендаровски и прават низа на пропусти. Ветувањата дадени на граѓаните, пак се заборавени.

Еврокомесарот Јоханес Хан потврди дека тоа што го говореше Заев минатата година по постигнување на договорот со Грција дека Македонија добила датум за преговори е само лага. Или минатата година едноставно немало никаков датум за почеток на преговори со Брисел.

-Во мај ќе ги презентираме извештаите за напредокот за земјите и очекуваме дека врз основа на тоа што ќе го констатираме ќе дадеме препорака за Северна Македонија и Албанија, дека тие треба да влезат во подготвителната фаза на преговорите, посебно после позитивниот развој во Северна Македонија, рече Хан пред пратениците во Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент.

Еврокомесарот пред европските пратеници се обиде и да ги смири земјите кои се противат на брзо отворање на преговорите со Македонија.

-Сакаме да го започнеме овој иницијален процес кон пристапни преговори, сите стануваат нервозни кога се зборува за оваа идеја. Но, оваа клучна одлука само ќе значи дека можеме да започнеме со подготвителната работа за отворање на првото поглавје, и тука повторно треба да има едногласна одлука поддржана од сите земји членки за тоа кои ќе бидат одредници за отворање на преговорите, рече Хан.

Во посета на Македонија беше премиерот на Грција, Алексис Ципрас. Наизглед дочекан со сите почести. Но, деталите многу говорат. А при дочекот не беше пуштена македонската химна. Се отворија многу дилеми дали Заев се срами од македоснката химна, потоа како најдоа време за селфи и за ручеци, но не и за да организираат да биде пуштена химната.

Владиниот портпарол, Миле Бошњаковски рече дека химната не била интонирана поради доцнењето на авионот на Ципрас

-Поради доцнењето на слетувањето на авионот беа изоставени сите свечени активности при дочекот вклучувајќи ја гардата, поставување цвеќиња и интонирање на химната со цел да се добие на време, рече Бошњаковски.

На прв ден на кампањата за претседателските избори Апелацискиот суд ја потврди ослободителнатата пресуда за Заев за случајот Поткуп. Тоа што јавноста виде докази, односно видео во кое се гледа како Заев бара поткуп, тоа не важи за надлежните.

-Судството е дефинитно на колена, а Апелација испорача ослободителна пресуда, коментира правната фела.

Премиерот Заев беше обвинет дека како градоначалник на Струмица побарал поткуп од 160.000 евра од бизнисменот Иван Николов Сачевалиев за продажба на државно градежно земјиште.

И економијата е далеку од проектирано и ветуваното од Владата. По нулата за економските политики, на премиерот Заев, од германската бизнис заедница, удар следеше и од Светската банка. Според новиот извештај на Светска банка преценките за Македонија се дека растот во 2019 година ќе изнесува 2,9%, а во 2020 година ќе изнесува 3,2 % . Исто така во извештајот стои дека јавниот долг на Македонија се зголемил од 47,8 % на 48,4 %.

-Ова воопшто не укажува на она што го зборува еконосмиот тимна владата. напротив нема развој, дури ни стагнација. Проекциите говорат за назадување, велат упатените.

И не само тоа, во пролет Македонија гори и тоа повеќе од една недела. И наместо активности на Дирекцијата за заштита и спасување во јавноста може да се види по некое селфи на директорот Аднан Џафероски со владин функционер, или пак истите да се сретнат во кампањата на Пендаровски. За целата ситуација Џафероски само вели „човечкиот фактор е 100 проценти причинител за оваа ситуација“.

Граѓаните пак разочарани не можат да добијат основни здравствени услуги, а плаќаат цел живот здравствено осигурување. Граѓанин на трибина на кандидатот за претседател предложен од СДСМ и ДУИ, Стево Пендаровски, побара власта да превземе радикални чекори во здравствениот систем или да го смени министерот за здравство, Венко Филипче.

– Господине Пендаровски, треба да ги зајакнете малку институциите, особено здравството. Јас сум чест посетител во болниците, тие не функционираат. Треба или да го смените министерот за здравство или да превземете порадикални мерки, рече граѓанинот.

Коронавирус