среда, 16. јуни 2021. Вести денес: 136
Во живо

ВО ЖИВО: 31 година ВМРО-ДПМНЕ „Македонија за сите луѓе“

home Вести

Македонија со Заев потона во корупција

Македонија со Заев потона во корупција

Корупцијата е распространета во секоjа пора во општеството. Изминатите месеци за корупцијата на Владата на премиерот Зоран Заев доби потврда од неколку невладини институции, Антикорупциска комсија и амбасадори.

Според Транспаренси, која го мери индексот на корупција, Македонија е рангирана на 111 место кое го дели со Босна, Панама и Монголија. Тоа пад за 18 места места, бидејќи во 2019 година Македонија била на 93-тото место.

Индексот на перцепција на корупција на Транспаренси интернешнл за 2020 година ги рангира Северна Македонија и Босна и Херцеговина меѓу земјите во светот каде што состојбата на корупција најмногу се влошува.

Ова рангирање е историски најлошо досега откако се мери во земјава, вели Слаѓана Тасева од македонското претставништво на Транспаренси Интернешнл.

„Ова е историски најлош резултат на индексот, до сега бевме најдолу на 107 и сега сме уште подолу, ова е прв пат откако Македонија се рангира, да имаме толку лошо рангирање, индексните поени 35 се исти како и лани. Апсолутно не бележиме никаков напредок, а многу е важно да се знае дека методологијата е заснована на истражувања не постари од две години“, вели Тасева.

Индексот во изминативе пет години се движел од 37 до 35 со што и рангирањето било од 90 место до денешното 111 место. Тоа значи дека земјава не покажува никаков или слаб напредок во борбата против корупцијата.

Тасева објаснува дека истражувањата кои се земени во предвид за македонскиот резултат покажуваат сериозен пад на клучниот индекс на владеење на право и правда.

„Тоа укажува директно на тоа дека ние не се справивме соодветно со корупцијата во судството и не се спроведе таа ветувана реформа во правосудството и другиот индекс каде што бележиме пад е Фридом хаус, значи човекови права и слободи, клучните работи кои што требаше да се земат први во реформите. Таму бележиме пад и како резултат на тоа, ние бележиме пад на индексот, тука е директната врска“, вели Тасева.

ЕУРО 2020

Македонија