четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 2
home Вести

Македонија со Филипче убедливо води по смртни случаи од КОВИД-19 во Европа

Македонија со Филипче убедливо води по смртни случаи од КОВИД-19 во Европа

Македонија според сите европски и странски статистики убедливо води по смртни случаи во Европа од КОВИД-19, а министерот за здравство Венко Филипче уверува дека состојбата во државата е под контрола. Но, според статистиките на Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ), состојбата во Македонија воопшто не е под контрола, тука е надвор од контрола.

Имено, за период од 12-18 ноември има починато 92 граѓани на милион жители. Доколку се погледне табелата може да се воочи дека другите европски земји имаат далеку помала стапка на смртност од КОВИД-19 во однос на Македонија, овој факт станува и многу загрижувачки, кој што треба да алармира до властите и до министерот за здравство Венко Филипче да преземат поригорозни мерки.

Холандија од период 7-13 октомври, недела пред полициски час починале 8 граѓани на милион жители. Во Чешка смртноста во период од 15—21 октомври е околу 49 граѓани на милион жители. Во Словенија од период 16-22 октомври е десетина граѓани на милион жители.

Додека пак во Шпанија во период од 19-25 октомври починале 29 лица на милион жители од КОВИД-19. Во Германија од корона вирусот од период 22-28 октомври е четири граѓани на милион, а во Франција период од 23-29 октомври е околу 26 граѓани на милион жители. Во Белгија за период од 24-30 октомври починале 70 лица на милион жители од вирусот.

Во Австрија од 25-31 октомври од корона вирусот починале скоро 13 граѓани на милион жители, а пак во Британија за истиот период 25 лица починале на милион жители. Во Италија од 28 октомври до 4-ти ноември починале 29 лица на милион жители. А, во соседна Грција период од 29 октомври до 5-ти ноември скоро 7 лица на милион жители починале од КОВИД-19. Исто така пред оваа статистика, Македонија се најде во светскиот врв според стапката на починати од корона вирус. Според претходната статистиката на Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ), Македонија котираше многу високо во два клучни параметри: стапка на заразени на 100.000 жители, и стапка на смртност на 100.000 жители.

Од почетокот на октомври заклучно со 26 октомври, во земјата биле регистрирани 9.168 новозаразени од Ковид-19 и 182 смртни случаи. Во просек тоа значи нешто над 441 новозаразени на 100.000 жители и 8,76 починати на 100.000 жители, според претходната статистиката на ЕЦДЦ.

„Она што загрижува во земјава е високиот процент на смртност. Алармантно е како на околу 500 нови случаи на Ковид-19 има 22 починати во еден ден, а во Србија, на пример, на околу 700 позитивни случаи има тројца починати. Тоа покажува дека нешто не е во ред со системот. Дека во изминатиот период, наместо да се води политика во однос на епидемијата, требаше да се подготвуваат капацитетите на здравствениот систем за есенскиот бран“, изјави Арбен Зибери, поранешен директор на Центарот за јавно здравје во Скопје, пред неколку недели за „360 степени“.

Според статистиките од Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ), мерките на министерот за здравство Венко Филипче не вродуваат со плод, и ситуацијата како тој што уверува не е под контрола. Доколку не се донесат поригорозни мерки за заштита на граѓаните од КОВИД-19 се повеќе граѓани во Македонија ќе умираат. Можеби статистиките ќе го разубедат министерот и власта за да донесат поригорозни мерки и така ќе престане Македонија да на врвот по смртност и новозаболени од КОВИД-19.

Најнови вести

Коронавирус