вторник, 23. април 2019. Вести денес: 67
home Вести

Македонија шеста во светот според стапката на невработеност

Македонија шеста во светот според стапката на невработеност

Според „Голд брокер“, Македонија во моментов го дели шестото место со Ангола во светот според стапката на невработеност.

Недостижен на врвот е Конго со 46 отсто, втора е Босна и Херцеговина со 35 отсто, а трето Косово со 30 отсто.

Пред Македонија се само уште Јужна Африка со 27 отсто и Нигерија со 23 отсто.

Веднаш зад Македонија следуваат Грција и Јордан со по 18,6 проценти, Боцвана со 18,1 отсто, Либија со 17,7 отсто, Етиопија со 16,8 отсто, Оман и Руанда со по 16 отсто, Тунис со 15,5 отсто.