понеделник, 14. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Македонија се уште без вакцини, а Србија планира и да произведува вакцини!

Македонија се уште без вакцини, а Србија планира и да произведува вакцини!

Регионот додека се вакцинира против КОВИД-19, Македонија се уште ја нема добиено првата доза на вакцини. Дури и земји од третиот свет започнаа со масовна вакцинација. Дали неспособноста на министерот за здравство, Венко Филипче и премиерот, Зоран Заев се одразува и врз здравјето на граѓаните?

Додека министерот за здравство, Венко Филипче во изјава за медиуми секој ден говори дека ќе дојдат вакцините, а никако да пристигнат, во јавноста излегуваат информации од кога и како се подготвувале државите кои сакаат навистина вакцинација, а истата сега и се случува кај нив.

Според информациите на „Фајненшл Тајмс“, „Политико“, „Економист“, „Велт“, „Ле Монд“ и „Шпигел“, во САД планот за вакцини против КОВИД-19 стартувал на 29 април 2020 година. А, на 21 мај 2020 година, САД определува дека пет производители ќе бидат поддржани во трката за развој на вакцината и тоа: „Модерна“, „АстраЗенека“, „Фајзер“, „Џонсон“ и „Џонсон и Мерк“.

А, пак во ЕУ планот за вакцинација против КОВИД-19 стартувал на 17 јуни 2020 година и ја претставува Европската стратегија за вакцинација, која цели кон развој, изработка и примена на вакцина против коронавирусот КОВИД – 19. Првата спогодба со британско-шведската компанија „АстраЗенека“ ЕУ ја склучува на 14 август, а самиот договор за купопродажба на вакцините од оваа фирма е потпишан на 27 август 2020 година.

Државите кои се грижеле навистина за своите граѓани, денес кај нив се одвива вакцинацијата. Таков пример е Србија која веќе според медицински извори има договор да ја произведува руската вакцина во Торлак институтот.

Македонија, Косово, Црна Гора и БиХ останаа единствените земји во Европа каде вакцинацијата против КОВИД-19 се уште не е почната.

Последните најави од министерството за здравство се дека во Македонија во текот на февруари треба да пристигнат 5.800 вакцини на компанијата „Фајзер“, а до крајот на годината 800.000. Се очекуваат и 200.000 вакцини од Кина и 833.000 дози обезбедени преку „Ковакс“ системот. Се прават дури и списоци на здравствени работници и на хронично болни кои први ќе бидат вакцинирани иако е доцна. И последната препорака од министертсвото за здравство е да се вакцинираат и луѓето кои биле заболени без разлика дали имаат или немаат антитела.

„И покрај вакцината, мора да се почитуваат мерките за заштита. Направен е список од 14.000 граѓани кои ќе бидат повикувани преку матичните лекари, преку системот „Мој термин”, информираше неодамна министерот за здравство, Венко Филипче.

А, на сето тоа Владимир Ѓорчев, меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ на социјални мрежи неодамна објави споредбена анализа на „Блумберг“ за вакцинирањето против коронавирусот во светот. Според листата, Србија има – 437.000 вакцини, Романија – 672.000, Грција – 269.000, Словенија – 75.000, Хрватска – 80.000, Бугарија – 41.000 и Албанија – 662 вакцини.

„Недозволиво е во период на корона пандемија, кога бројката на заболени во земјава се движи кон 100 илјади, а на починати се движи кон 2.800, министерот да се занимава со распродажба на здравството. Сега приоритет број еден е вакцинација, а Филипче не успеа да најде ниту една вакцина. Лошиот менаџмент на корона кризата, немањето вакцини чини човечки животи. За тоа одговрорност мора да има“, истакна вчера на прес конференција д-р Кирил Лазов од ВМРО-ДПМНЕ.

ЕУРО 2020

Македонија