недела, 20. септември 2020. Вести денес: 84
home Вести

Македонија се разбуди под нулата, ова се измерените температури утрово

Македонија се разбуди под нулата, ова се измерените температури утрово

Минусни температури се регистрирани изутринава во цела Македонија. Најстудено – 12 е во Берово и во Маврово со – 11. Во Скопје се измерени минус девет степени, соопшти УХМР.

Утринава преовладува студено време, во северните делови ведро со мала до умерена локална облачност, а во јужните делови умерено до значително облачно. Дува слаб северен ветер, особено на повисоките места и планините.

Во текот на денот ќе биде сончево и студено со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, особено долж Повардарието.Највисоката температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 1 до 7 степени.

Во Скопје слично време. Највисоката температура на воздухот ќе достигне до 5 степени.

Утре ќе има зголемување на облачноста, а во северните делови и на планините ќе има повремен слаб снег. Ќе дува засилен северен ветер. Од недела следува период на стабилно и суво време, од понеделник со значителен пораст на дневните температури.

Коронавирус