сабота, 27. февруари 2021. Вести денес: 92
home Вести

Македонија се подалеку од вакцини против корона, за Европа се најавува една наместо две дози, кај нас нема никаква  

Македонија се подалеку од вакцини против корона, за Европа се најавува една наместо две дози, кај нас нема никаква  

Македонија е се подалеку од вакцините против КОВИД-19. Преку КОВАКС механизмот, македонската Влада требаше да обезбеди, или по 800 илјади вакцини од три механизми за кои зборува министерот за здравство Венко Филипче.

Овие дози, во државава требаше да стигнат етапно, во неколку фази, за да излезе дека прво треба да се обезбедат потребните дози во Европската унија. 

Но, фармацевтскиот гигант Фајзер пред околу две недели најави дека ќе го намали производството, поради промена во ситемот на производство, и со самото тоа ќе ја намали и испораката на антиковид вакцини во Европската унија. И сега се најавува дека во големата и моќна Европска унија, граѓаните ќе се вакцинираат само со една доза, место првично предвидените две дози вакцини против корона вирусот. 

На пристапот за вакцинирање само со една доза, прва пристапи Велика Британија, каде што нивните имунолошки експерти кои според клинички истражувања кои ги прават дошле до сознанија дека, дури и по првата вакцинација, имунитет против КОВИД-19 се создава кај 50 проценти од луѓето. 

И, додека силната Европска унија размислува своите граѓани да ги имунизира само со една доза, пред се поради недостаток од вакцини, Македонија не може да обезбеди ниту една. 
А, од друга страна, земјите од регионот, како на пример Србија на своите граѓани им обезбеди вакцини од неколку производители, покрај фајзеровата. Српските граѓани можат да избираат со која вакцина сакаат да се вакцинираат, дали со фајзеровата, руската Спутник и кинеската од производителот Синофарм. 

Кога пред неколку недели во соседна Србија пристигнаа еден милион кинески вакцини, нашиот премиер Зоран Заев велеше дека тие немале аспирации за членство во НАТО сојузот и за тоа можат да набавуваат вакцини и од Русија и од Кина.  

А сега, откако е се поочигледно дека вакцините од Фајзер тешко дека ќе ги добиеме во однапред договореното време, министерот за здравство Венко Филипче, пред некој ден да ни каже дека ќе преговараат и со кинеските производители на вакцини. А што правеа до сега нашите власти, кога Фајзер одамна најави дека го намалува производството!? 

Дури и премиерот на Албанија, Еди Рама кога го напаѓаа зошто нарачал толку мала доза вакцини од Фајзер, тој јасно им одговарал на албанските новинари дека не планира да биде зависен само со од еден производител, туку дека разговара и дека биле во фаза на договарање и со други производители, чии вакцини биле поефикасни и поекономични за чување. 
 

Коронавирус