понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 180
Во живо

Следете во ЖИВО прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ

home Вести

„Македонија се буди, Македонија го враќа ударот кон сите кои удираа по Македонија“

„Македонија се буди, Македонија го враќа ударот кон сите кои удираа по Македонија“

Придружете во овој бран на промени и верба во принципи. Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци, сиромашни и богати, работници, земјоделци, стопанственици, учителки, наставници, лекари, патриоти да застанеме заедно зошто само така ќе ја донесеме обновата, им порача Мицкоски на граѓаните на денешниот голем народен собир.

-Вистинскиот херој сте токму вие, македонскиот народ, народот на Македонија, нејзините граѓани. Вие сте херојот кој е тука низ сите битки и премрежја пред кој јас се поклонувам и симнувам капа и се поклонувам со раката на моето срце. Вие сте херои на оваа семја, секој еден од вас. 12-ти април е тој ден, а денес Македонија е на нозе. Доаѓа обноватаа се работи за една цел, да ја смениме оваа корумпирана влада и политичари, и да изградиме влада која ќе ви служи вам, на македонскиот народ, граѓаните на Македонија. Со целото срце, со силна верба, пот и жилава истрајност се исправаме и ќе се избориме за правда, ќе се избориме за принципи, ќе се избориме за промени, ќе се избориме за Македонија да победи. Победата ни е потребна за обнова, зошто само така ќе ја оправдаме нашата кауза и нашата верба дека Македонија има иднина, рече тој.

Таа победа, рече Мицкоски, е потребна затоа што ја сакаме оваа земја со целото наше срце.

-Тоа е борбата и за вашите семјества, борба за вашето достоинство, чест и углед, борба за превземањето на судбината во вашите раце, и иднината на нашата убава Македонија. Досега секогаш бевте лојални на Македонија, време е да имате Влада и премиер кој ќе ви биде лојален вам. Кажете им „Македонија се буди, Македонија го враќа ударот кон сите кои удираа по Македонија“. Заедно ќе ги решаваме проблемите. Заедно ќе донесеме иднина во која веруваме, порача Мицкоски.

Коронавирус