понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 179
home Вести

МАКЕДОНИЈА РУШИ РЕКОРДИ ПО БРОЈ НА ПОЧИНАТИ ОД КОРОНАВИРУС – нашата држава се наоѓа на седмо место во светот

МАКЕДОНИЈА РУШИ РЕКОРДИ ПО БРОЈ НА ПОЧИНАТИ ОД КОРОНАВИРУС – нашата држава се наоѓа на седмо место во светот

Македонија е прва во регинот по бројката на смртни случаи во однос на жители. Со 887 смртни случај на еден милион жители Македонија во моментов е на седмото место.

После неа од регионот на три места подолу е БиХ со 859 починати и Црна Гора на петнаестото место со 822.

Само минатата недела според извештајот на ИЈЗ , од корона починаа 206 луѓе. Тоа е помалку од пред две недели но само за еден процент.

Скопје води на листата со најмногу смртни случаи, но има и најголем број на заболени, а воедно и жители во земјата.

Министерството за здравство вчера информира дека во последните 24 часа се направени 3399 тестирања, а регистрирани се 1342 нови случаи, оздравени се 679 пациенти, а починати се 22 лица од ковид-19.

Коронавирус