недела, 31. мај 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Македонија пред колапс, Заев обелодени: Недостигаат 2 милијарди евра

Македонија пред колапс, Заев обелодени: Недостигаат 2 милијарди евра

Македонија пред финансиски колапс. Претседателотр на СДСМ, Зоран Заев во интервју за емисијата “360 степени“, изјави дека во македонскиот буџет недостигаат две милијарди евра, при што додаде дека тоа не треба да се крие и дека тоа треба да го знаат граѓаните.

Тој исто така истакна дека реализацијата на буџетските приходи ќе биде околу 30 – 40 проценти, што значи дека ќе недостигаат 60 проценти од планирана наплата во буџетот.

-Мерката која ја предлагаме за кратење на платите на администрацијата можеби и нема да биде доволна затоа што недостигаат некаде околу две милијарди и 200, тоа се 60%, рече Заев.

Тој додаде дека во моментов имаат усно одобрение за добивање на кредит во износ од 600 милиони евра, но тоа е малку затоа што до 2 милиарди и 200 имаме уште милиарда и 600 илјади евра. Но понудата на пари веќе не е така голема затоа што поголемите пари веќе ги земаа поголемите држави, рече Заев.

Коронавирус