среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Македонија протестира во 11 градови, народот на улиците, се бара оставка од Заев

Македонија протестира во 11 градови, народот на улиците, се бара оставка од Заев

ВМРО-ДПМНЕ вечерва протестираше во 11 града низ Македонија.

Тие се револтирани од ставовите на премиерот Зоран Заев изнесени во неговото интервју за БГНЕС. Бараат да каже што ветил на Бугарија.

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска, за време на протестот „Оставка на Заев, слобода на народот“, порача дека темелите на државноста на Република Македонија се илинденците и народноослободителната борба на партизанското движење АСНОМ и дека никој нема право да ги негира овие историски факти, а најмалку оној кој треба да го води македонскиот народ кон подобра иднина.

Изјавите на Заев ги нарекоа скандалозни.

Бараат оставка од Заев, формирање на Влада на национален спас, составена од експерти, како и обединување на целиот македонски народ и сите граѓани кои живеат во Македонија, Албанци, Турци, Власи, Срби, Бошњаци, Роми и останатите.

Најнови вести

Коронавирус