среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 82
home Вести

Македонија последна по странски инвестиции во 2021 година, помалку дури и од Косово

Македонија последна по странски инвестиции во 2021 година, помалку дури и од Косово

Според Народната банка на РМ, во текот на третиот квартал од 2021 година, вкупните директни инвестиции во земјата бележат нето-приливи од 38,6 милиони евра, како резултат на нето-приливите кај: сопственичкиот капитал (48,4 милиони евра) и реинвестираната добивка (26,2 милиона евра), при нето-одливи кај меѓукомпанискиот долг (од 36 милиони евра).

Во периодот јануари-септември 2021 година, вкупните директни инвестиции во земјата изнесуваат 285,6 милиони евра, главно како резултат на реинвестираната добивка и сопственичкиот капитал (196,7 милиони евра и 113,2 милиони евра, соодветно), во услови на намалени нето-обврски врз основа на меѓукомпаниски долг (за 24,3 милион евра).

Во првите шест месеци, според табелата на Conservative.mk што веќе наголемо се споделува по социјалните мрежи, странските инвестиции се 244 милиони евра (според НБМ изнесуваат 247 милиони), додека во истиот период, Косово бележи 277 милиони евра инвестиции, Албанија 463 милиони, а Србија 1,7 милијарди евра.

Македонија беше на последно место според странските инвестиции и минатата година.

Коронавирус