вторник, 21. септември 2021. Вести денес: 152
home Вести

Македонија последна на Балканот: Пренџов откри поразителни статистики за БДП, инфлација, невработеност…

Македонија последна на Балканот: Пренџов откри поразителни статистики за БДП, инфлација, невработеност…

Во првиот квартам, Македонија има 1,9% пад на БДП. Србија има 1,7% раст,  Албанија има 5,5% раст, Косово кое сè уште не е оформена држава има 5,6% раст на БДП. Оваа статистика во Собранието ја соопшти пратеникот Љупчо Пренџов.

-Колеги од мнозинството, Владата која што ја поддржувате е најслаба по БДП во регионот. Инфлацијата во Република Македонија била 1,4% во прв квартал, во Албанија била 1,2%, во Косово била 1,2 и 0,0 била во Црна Гора што нè прави најлоша држава во регионот, истакна Пренџов.

Тој ја објави статистиката и за индустриско производство. Македонија во првиот квартал имала пад од 5,1%.

-Црна Гора имала раст од 11,8%, Србија имала раст од 3,8%, Бугарија имала раст од 6,4% и Грција раст од 3,4%. Значи, и по индустриско производство сме последни на Балканот, истакна Пренџов.

Пратеникот презентираше поразителни податоци за Македонија и на тема невработеност.

-Македонија има 16% на невработеност, ама Србија има 9,9%, Албанија има 11,9%, Бугарија има 6,3%, што покажува дека и по невработеност сме најлоши во регионот, порача Пренџов.

Целиот говор на пратеникот погледнете го во продолжение

Коронавирус