понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 92
home Вести

Македонија последна, Филипче безгрижен додека цел Балкан и цела Европа се вакцинираат

Македонија последна, Филипче безгрижен додека цел Балкан и цела Европа се вакцинираат

Додека во регионот државите пред Нова година започнаа со вакцинација во Македонија вакцината е само во најава. Министерот за здравство Венко Филипче пред неколку дена најави дека првата доза во Македонија ќе пристигне кон крајот на месец јануари почеток на февруари.

Но додека земјите во регионот добиваат по стотици илјади вакцини Македонија ќе добие само околу 5.000 дози. Иако претходно министерот за здравство Венко Филипче кажуваше дека прво Македонија ќе добие 800,000 илјади дози , за да по некое време истакне дека му е посочено од компанијата да не кажува точна бројка, а земјите во регионот веќе ја знаат конкретната бројка и прават јасен и прецизен план за населението.

Додека ова го говори министерот Филипче, според властите во Србија, земја која не е членка ниту на НАТО , ниту на ЕУ ќе има два милиона вакцини до крајот на јануари, од различни производители, вклучувајќи ги и количините што пристигнаа на крајот на декември.

– Во Албанија денеска започна вакцинацијата против коронавирусот, а први ќе бидат вакцинирани здравствените работници. Албанската Влада обезбеди 500.000 вакцини од „Фајзер / Бионтек“ против коронавирус, од кои првите 10.750 дози ќе пристигнат во Албанија во првите три недели од јануари и 30.250 во февруари.
Пред Нова година со вакцинација почнаа и Словенија и Хрватска.

Хрватскиот премиер Пленковиќ изјави дека е среќен што започнала вакцинацијата во Хрватска со првите 9.750 испорачани дози, кои од 27.12.2020 се користат во сите земји членки на ЕУ. Европската Унија нарача 200 милиони дози вакцини во првата фаза, со тоа што еден милион дози се наменети за Хрватска, а таа количина ќе доаѓа во контингенти до септември 2021 година.
Во Словенија на 26.12.2020 пристигнаа 9.750 дози на вакцините Фајзер/БајонТек. До крајот на годината, според најавите, треба да пристигнат уште 16.575 дози вакцини од тие производители, а ваквата практика треба да продолжи и во наредните недели.

Првата испорака на 2.400 дози вакцини против Ковид-19 од компанијата „Модерна“ ќе пристигне во Бугарија во среда, на 13 јануари.
Хоти информираше дека Косово 535 илјади вакцини се обезбедени со договорот со команијата „Фајзер“, 600 илјади со Австрија и уште 720 илјади со програмата Ковакс. Здравствениот персонал и лицата над 65-годишна возраст ќе бидат првите кои ќе се вакцинираат, а се планира дневно да се имунизираат по околу 20 илјади граѓани.

Според податоците на специјалниот сајт за вакцинацијата во Грција, до 07.01.2021 првата доза од вакцината ја примиле 26.006 лица. Грција до сега има добиено над 100,000 дози за вакцинација против Ковид-19.

Со сето ова сведоци сме на тоталната неспособност на миинстерот за здравство Венко Филипче и на владата на Зоран Заев којашто тотално е на штета на граѓаните , се со цел за богатење на нивните интереси.

Единствено покрај Република Македонија со вакцинација сеуште немаат започнато и земјите од регионот како Република Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Најнови вести

Коронавирус