петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Македонија останува на “црната листа“ за ЕУ

Македонија останува на “црната листа“ за ЕУ

Нашите иселеници од Европа не добија зелено светло ниту во наредните две недели да ги поминат годишните одмори во своите родни краишта.

Македонија остана на црната листа на ЕУ за слободно движење за време на пандемискиот период.

Европската комисија го ажурираше списокот на земји што треба да ги укинат патните ограничувања за членките на ЕУ.

Забраните од ЕУ продолжуваат за овие земји:

Македонија, Косово, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Чешка, Луксембург, Данска, Ирска.

За бројните поплаки на наши граѓани кои живеат и работат во земји на ЕУ, од Министерството за надворешни работи во Скопје ги советуваат да се обраќаат до амбасадите и конзуларните канцеларии. Од МВР велат дека за нашите граѓани, кои неопходно треба да се вратат тука, имаат решение, пренесе Алсат.

„До 31 јули, сите наши граѓани, чии патни исправи се истечени, можат да се вратат во РМ без никаква дополнителна постапка. Од 1 август им треба патна исправа.“

Врз основа на епидемиолошките податоци од СЗО, ЕУ препорачува на секои две недели рестриктивни мерки. Од земјите од регионот, Србија останува достапна за ЕУ, но и за нашите граѓани.

Постојат забрани за нашите граѓани во Косово, Црна Гора, Бугарија, Грција и Хрватска. Единствената дестинација за летните одмори останува албанското крајбрежје.

 

Коронавирус