петок, 23. август 2019. Вести денес: 51
home Вести

Македонија оди на предвремени парламентарни избори?

Македонија оди на предвремени парламентарни избори?

Пораките од Ангела Меркел – в недела на маса на Бихаќка – ќе оди ли СДМС на избори, ќе има ли нов мандатар или пак реконструкција – доколку од Берлин стигне истата порака како и од Брисел – дека земајва не може да се надева на консенус од ЕУ за датум за старт на преговорите. Во СДСМ официјално велат дека сите опции се на маса, објави 24.мк

Повлекување на Заев и нов мандатар, реконструкција или пка брзи избори. Премиерот вели дека се е во игра. Сепак, дел од најблиските соарботници на Зоран Заев поделени во ставовите околу иднината на власта.

Дел од функционерите велат дека поголема е веројатноста за избори на пролет или наесен. Велат дека тогаш земјава ќе биде полноправна членка на НАТО, а дел од реформите и повидливи. Според нив доколку лидерот на СДСМ реши да заканите кон Брисел да ги исполни на дело – анализираат дека можно е Заев да се повлече однсоно да го врати мандатот. Велат повлекувањето на премиерот пред паралментарни избори е законска обврска, но овојпат би се случила порано. Според неофицијалните веќе се размислувало и за наследник на Заев – во тој период, ао СДСМ се споменува Оливер Спасовски.

И за опцијата брзи избори има поддршка во СДСМ – дел од тие што се залагаат за оваа опција велат дека партијата е во кондиција, опозицијата неконсолидаризирана, а Заев би добил чист мандат бесоптеретен од компромисите што ги направи за уставните зимени и промената на името. Особено поради фактот што и во Грција има избори , а ЕК ќе се занимава со себе, каде наесен седи изборот на новите функционери, но и буџетот на ЕУ.

Најоптимстите пак на Бихаќка – очекуваат конкретна и јавна формулација од Берлин – која би била доволна за Заев да добие ветер во грб и да продллжи со реконструцијата, која велат е веќе натокмена. И од која не очекувата некоја сериозна промена на Илинденска број 2. За ова сценарио најмногу поддршка има и во Мала Речица. Од ДУИ за тв 24 векат дека избори не се на врвот на агендата на Али Ахмети, случувањата во партијата деновиве само велат одат во тој прилог, дека Ахмети прави чистка пред нови избори другата година.

И ако за државата се чека Меркел, во СДСМ, почнаа да се екипираат органите – избрани нови претседатели на општинските – 15 вратени од разрешените. А до недела Заев ќе ги избре и новите потпретседатели. Неофцијално враќање на позиции т.е. се споменуваат само за Мухамед Зекири и Оливер Спасовски.