сабота, 4. јули 2020. Вести денес: 22
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Што мисли Заев за Црвенковски и колку е Заев богат?

home Вести

Македонија оди кон нов појак пик- луѓе умираат, а Заев бара избори

Македонија оди кон нов појак пик- луѓе умираат, а Заев бара избори

Македонија се движи кон нов пик на коронавирусот додека власта предводена од СДСМ и Зоран Заев бараат одржување на парламентарни избори во нашата земја.

Додека денеска бројката на ново заразени надмина над 60-тина лица, вчера во Македонија имаше регистрирано над 90 лица, што е најмногу по 16 април кога беа заразени 107 лица во еден ден.

Во последниве неколку денови рапидно расте и бројот на починати лица, додека Заев е убеден дека избори во Македонија мора да има.

 

Поради заштита, изборите се решение, а датумот е завршена работа, тие ќе се случат на 5 јули за да добиеме функционална влада.Нема нови аргументи за нови економски мерки, а со тоа ни оправдување за нова вонредна состојба. Затоа изборите ќе бидат 22 дена по завршување на вонредната состојба, ова го изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев во пикот на епидемијата во Македонија.

Според Заев, кој политикантски го набеди министерот Наќе Чулев за напливот на зараза, заборавајќи дека неговата СДСМ тераше и терa кампања меѓу граѓаните и пола влaда е во карантин со дузина заразени од врхушкта на партијата, не постоел никаков уставен и законски момент да се свика Собранието.

„Ризично е веќе и по здравјето и слободата на граѓаните, не може Владата да носи сега закони претпладне, а попладне да ги извршува истите закони“, рече Заев.

Лидерот на СДСМ стана епидемиолог и вели дека, верувале или не, вирусот слабее во неговиот ефект, сите се асимптоматски случаи, но се шири. Тој кажа дека сите нови случаи се од периодот кога имаше полициски час, што, според него, и тоа не е решение.

„Ќе биде јули, секој има време да се подготви. Вирусот слабее во неговиот ефект, сите се асимптоматски, но се шири. Сите денешни бројки се од времето кога имаше полициски час, така што и тоа не е решение. Во сите овие денови имаше само пет хоспитализирани во Градската болница и двајца на Инфективната клиника. Ова ќе трае и на 5 август, и 5 октомври, и 5 јануари, не можеме Владата да ја оставиме вака заради нечии скриени калкулации. Здраво е за државата да има парламент и парламентарна демократија“, рече Заев.

Дали СДСМ на избори ќе оди без ИЕ2 – Цела нивна пратеничка листа од изборната единица 2 во изолација

По обелоденувањето на веста дека потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири е позитивен на Ковид 19, сите кандидати за пратеници на владејачката партија во втората изборна единица заминаа во домашна изолација.

Како што велат дел нив од Фокус, после завчерашниот настан во Куманово на кој присуствуваа сите 20 кандидати за пратеници, меѓу кои и Зекири, заминале во домашна изолација по спроведена епидемиолошка анкета или по сопствена иницијатива.

Со оглед на тоа дека целата пратеничка листа на СДСМ е ставена во домашна изолација, а нивниот партиски лидер Зоран Заев инсистира на брзи избори се поставува прашањето дали СДСМ на избори планира да оди без ИЕ2.

И покрај денешниот голем број на новозаболени од Ковид-19, и покрај тоа што вчера регистриран беше најголем број на заболени во Македонија од откривањето на првиот случај, сепак лидерот на СДСМ и покрај ваквата денешна црна статистика, а и во текот на изминатата недела се закани дека повеќе нема попуштање и дека избори ќе имало на 5 јули.

Од друга страна пак, ваквиот став на Зоран Заев денеска речиси и да го премолчеа повеќето партии, освен ДПА, бидејќи Мендух Тачи истакна дека избори треба да има на 5 јули.

Инаку, поради контакт со Зекири и Лукаревска во изолација заминаа повеќе владини функционери.

Парламентарни избори 2020