сабота, 16. октомври 2021. Вести денес: 112
home Вести

Македонија од Бугарија доби донација од 50 илјади вакцини на Фајзер

Македонија од Бугарија доби донација од 50 илјади вакцини на Фајзер

Македонија вчера ја прими донацијата од над 50.000 вакцини „Фајзер“ од Бугарија, напиша утрово на Твитер министерот за надворешни работи Бујар Османи.

– Вакцините веќе се дистрибуирани и подготвени да се употребат. Важен гест на пријателство и солидарност, напиша Османи.

Бугарското Собрание на 8 септември ја одобри донацијата од над 50.000 вакцини за Македонија.

Министерот за здравство на Бугарија Стојчо Кацаров тогаш појасни дека донацијата требало да се изврши во јуни, но поради проблеми со процедурите тогаш тоа не било извршено.

Коронавирус