понеделник, 24. февруари 2020. Вести денес: 162
home Вести

„Македонија нема повеќе време за губење“

„Македонија нема повеќе време за губење“

Имав состанок со луѓето од Езерани и со Општинскиот Комитет на ВМРО ДПМНЕ во Ресен.
Македонија нема повеќе време за губење. Мора да се гарантира напредокот. Завршува времето на арамиите и октопод политичарите, завршува времето на измамниците. Доаѓа времето на луѓето коишто ќе бидат отчетни, кои што ќе бидат меѓу народот и коишто ќе понесат вистинска одговорност за грешките кои што ќе ги направат. Јас ќе сторам се да таков број на грешки има се помалку, но она што можам да ви го ветам е дека сиот труд сета своја енергија до последната капка пот заедно со вас ќе ја вложиме во кревањето на Македонија, во обновата на Македонија, од овој пепел кој што овие арамии и рекет политичари во владата ќе ни ја остават, напиша на својот Фејсбук профил Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.