петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 140
home Вести

Македонија назадува во сите полиња – Катастрофални анкети за владеењето на Заев

Македонија назадува во сите полиња – Катастрофални анкети за владеењето на Заев

Во денешната емисија на ТВ Сител „Детектор “ беа објавени анкети кои го мерат мислењето на граѓаните за сите сфери на општественото живеење како економија, владеење на правото, корупција, здравство, образование, животна средина и т.н.

Имено, анкетите покажуваат катастрофални резултати , Така , граѓаните на прашањето какво е вашето мислење за владеење на правото огромни 49,8 % одговориле дека сметаат дека назадува додека на прашање какво е нивното мислење за борбата со корупцијата 55,3 одговориле дека борбара со корупција во државата назадува.

Граѓаните исто така имаат мислење дека немаме никаков прогрес односно дека државата оди назад и во економијата, здравството, состојбата со животната средина и социјалната политика .

44% од прашаните граѓани сметаат дека економијата во Македонија назадува , огромни 55,3 % одговориле дека здравството исто така уназадува, додека состојбата во животната средина дека уназадува одговориле 49,5 % од испитаниците.

Анкетите од емисијата „Детектор “ јасно укажуваат на уназадување на општеството и државата во секој поглед односно во круцијалнте секторите каде што владата пред да дојде на власт ветуваше огромни промени и реформи .

Голем дел од експерите континуирано ги критикуваа таканаречените декоративни и несуштински политики кои ги предлагаше СДСМ на чело со премиерот Зоран Заев во сите сектори како економија, здравство, социјала, владеење на правото кои според нив не донесоа вистински и коренити промени.

Коронавирус