среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Вести

МАКЕДОНИЈА НАЈКОРУМПИРАНА ВО ЕВРОПА: Лошата ситуација се должи на катастрофалното водство на Заев и СДСМ- излезот е смена на власта

Македонија е најкорумпирана земја во Европа. -Пред се и над се, оваа лоша ситуација во која е доведена Република Македонија, се должи на катастрофално лошото водство и недостаток на демократски капацитети на владеачката гарнитура и врхушка предводена од Зоран Заев и СДСМ. Наместо ветениот економски развој и раст, ни испорачаа, стагнација и назадување. Наместо “Живот за сите“, добивме живот само за избраните – забеганата елита на СДСМ. Наместо “Едно општество за сите“, добивме безброј социјални фавали од македонски, балкански мизерен тип, вели аналитичарот Сотир Костов за КУРИР.
МАКЕДОНИЈА НАЈКОРУМПИРАНА ВО ЕВРОПА: Лошата ситуација се должи на катастрофалното водство на Заев и СДСМ- излезот е смена на власта

Македонија е најкорумпирана земја во Европа. За ова потврдува и најновиот извештај на Транспаренси Интернешнл. Нашата држава „се лизна“ надолу за ранг листата за фрапантни 13 места и се најде во „друштво“ на Албанија, Бразил, Монголија, Брегот на Слоновата коска, Алжир и Египет. Според аналитичарите, имаме слободен пад, благодарение на владата предводена од СДСМ, а излезот од оваа ситуација е во слободни, фер и демократски избори и смена на власта.

На што се должи овој пад, што значи тоа за Македонија и кој е излезот, односно што треба да се стори за да се поправат работите, за КУРИР објаснува аналитичарот Сотир Костов.

-Пред се и над се, оваа лоша ситуација во која е доведена Република Македонија, се должи на катастрофално лошото водство и недостаток на демократски капацитети на владеачката гарнитура и врхушка предводена од Зоран Заев и СДСМ. Тоа за нив е и нормално ако се знае дека за овој тригодишен период градоначалници на СДСМ шверцуваа цигари и тепаа граѓани, пратеник нарачуваше прав за шмркање, а партиски функционери од врвот на СДСМ одеа на селебрити журки, се селфираа и си играа „РЕКЕТ“ со Боки Тредичи, глумејќи градежни неимари на домови за стари луѓе. Бруки! Јадови!, вели Костов за КУРИР и додава:

„Ова за Македонија е лошо, многу лошо. Тоа значи наместо ветениот економски развој и раст, ни испорачаа, стагнација и назадување. Наместо “Живот за сите“, добивме живот само за избраните- забеганата елита на СДСМ. Наместо “Едно општество за сите“, добивме безброј социјални фавали од македонски, балкански мизерен тип“.

Излезот од оваа ситуација, Костов го гледа во слободни, фер и демократски избори и смена на власта.

-Како прво, оваа владеачка гарнитура не може да ја поправи работата. Овие забегани и заталкани божји чеда повеќе од три години, едно мислат, друго кажуват, а трето прават. Ни зборуваат за правда и мир, а на секој чекор се судруваме со неправда, сакаш социјална, сакаш од областа на човекови права, сакаш јавнообвинителска и судска неправда. А насилие, тепачки и убиства, за жал колку сакаш, потенцира Костов и додава:

„Ништо не видовме од ветените 500 евра просечна плата, 100 000 денари плата за лекарите, инвестиции. Ама непотизам, со СДСМовски шмек, или ако сакате дури и смрдеа, колку сакаш. Корупција, буквално на секој чекор: од бирократските шалтери, болничките ходници, до директорите, министрите и пратениците. Наместените тендери се приказна за себе. Како по правило ги добиваат партиски луѓе на СДСМ или нивни блиски. Вработувањата се веќе дегуте. Партиски и доднински. Администрацијата, наводно ќе се партизира, а ваму 4000 илјади нови вработувања во предвечерието на изборите. Сите овие показатели се факти за забегани елити, кои дури се и во меѓусебни пресметки (“Рекет“), и за владеење, чија основна карактеристика е безаконието, во вид на безочна аномија. Канцер кој ги зафаќа сите пори на општеството.
Излезот е во оставки и избори, кои веќе се закажани. Народот, граѓаните да ги превземат работите во свои раце, да направат еден вид граѓанска револуција за враќање на суверенитетот којшто им беше одземан со непочитувањето на референдумскиот резултат (неуспешен референдум), насиланат промена на Уставот и срамната промена на името. Се со цел, да се потсетиме дека неговото величество избирач дава власт, ама и одзема, затоа што суверенитетот според Уставот е само во граѓаните избирачи“.

И претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прес конференција одговарајќи на новинарско прашање за извештајот на Транспаренси изјави дека први сме во Европа по корупција, а државата вака оди директно во провалија.

-Во оваа држава криминалот си има сопствена држава. Проблемот е што одговорните што треба да се справат со тој криминал не сносат никаква одговорност. Нели постоеше „Сваровски судство“, постоеше режим како што они викаа, постоеше криминал ама во 2015-та Македонија на истата оваа скала е 66-та, 40 места повисоко пласирана, денеска кога имаме слобода нели животот дојде, на прав пат сме, се блеска, а денеска сме 106-ти на листата. Бројките се немилосрдни. Сме биле подобри од Бугарија, Грција, Албанија, Босна, Косово, истакна Мицкоски.

Инаку, ниту претходната 2018 година не беше сјајна ситуацијата- го делевме 93-то место со Косово, како најслабо рангирани на Балканот. Со ова темпо, благодарение на оваа влада, Македонија за неколку години би го допрела дното.