сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 65
home Вести

МАКЕДОНИЈА НАДМИНА 7.000 ПОЧИНАТИ ЛИЦА ОД КОРОНАВИРУС – во светот сме на третото место по смртност!

МАКЕДОНИЈА НАДМИНА 7.000 ПОЧИНАТИ ЛИЦА ОД КОРОНАВИРУС – во светот сме на третото место по смртност!

Со вчерашните регистрирани 11+3 починати лица, или вкупно 14, бројката на починати од коронавирусот во Македонија надмина 7000 лица.

До вчера регистрирани беа 7.012 починати од коронавирус од почетокот на пандемијата.

Вчера беа регистрирани 11 починати лица и дополнително пријавени уште три починати.

Бројката на заразени, пак, се доближува до 200 илјади, односно во моментов има 198.646 лица. Активни случаи во моментов се 5.974.

Според глобалниот сајт за коронавирус „Worldometers#, земјава е трета во Светот по бројот на починати од коронавирус на 1 милион жители, односно 3.366 на еден милион жители. Прва земја е Перу со 5.956 на 1 милион жители, а втора е БИХ со 3.467.

Коронавирус