понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 129
home Вести

Македонија на врвот во регионот по смртни случаи и заразени- меѓу последните по бројот на тестови

Македонија на врвот во регионот по смртни случаи и заразени- меѓу последните по бројот на тестови

Иако пикот како што го најавува министерот за здравство Венко Филипче се уште не е постигнат во нашата змеја, бројките рушат рекорди, а нашата земја е на врвот по смртни случаи и заразени во регионот.

Во изминатото деноноќие во Македонија регистрирани се 19 нови случаи на коронавирус, како и двајца починати пациенти како и 126 оздравени пациенти.

Со ова вкупната бројка на заразени лица е 1.386 лица со што Македонија е речиси на врвот во регионот според статистиката пресметана на 1 милион жители.

Мртви на 1милион жители
Словенија 39
Турција 33
Македонија 30
БиХ 18
Србија 18
Грција 13
Хрватска 13
Црна Гора 11
Албанија 10
Бугарија 8

Заразени на 1милион жители
Турција 1306
Србија 920
Словенија 671
Македонија 665
Црна Гора 511
Хрватска 494
БиХ 462
Албанија 252
Грција 241
Бугарија 194

Тестови на 1милион жители
Словенија 23557
Турција 10656
Црна Гора 8096
БиХ 7873
Хрватска 7703
Србија 7360
Македонија 7257
Грција 6199
Бугарија 3886
Албанија 2529

Според оваа статистика нашата земја е и последна според бројот на направени тестови на еден милион жители, па така пред нас се Словенија, Турција, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Србија, а потоа Македонија, па Грција, Бугарија и Албанија на последното место.

Јавноста веќе со денови коментира дека овие бројки се заслуга на лошото менаџирање на власта како и министерството за Здравство.

За потсетување Македонија беше и последната змеја од соседството која ги затвори границите, воведе полициски час, но не и масовно тестирање на граѓаните, а како резултат на сето тоа се овие бројки денес кои рушат рекорди.

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија