понеделник, 1. јуни 2020. Вести денес: 131
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Македонија на врвот од црната статистика: Имаме најголем индекс на смртност од коронавирус во регионот

Македонија на врвот од црната статистика: Имаме најголем индекс на смртност од коронавирус во регионот

На црната статистика која мери индекс на смртност на 100.000 жители од коронавирус, Македонија е на лидерската позиција. Овој поразителен факт за нашата држава е алармантен.

Македонија од сите држави во регионот има најголема стапка на смртност.

Поранешниот министер за здравство, Арбен Таравари, статистиката ја објави на својот Фејсбук профил.

Пресметано на 100.000 жители, стапката на смртност во Македонија е 5,09. По нас доаѓа Босна со 4,03 и Србија со 3,35 .

Останатите земји во регионот можат да се пофалат со далеку поуспешна борба против коронавирусот, а за тоа говори и статистиката каде стапката на смртност е далеку помала од кај нас.

Еве колку изнесува индексот на смртност на 100.000 жители, од COVID-19 во остаатите земји во регионот:

Како што можете да забележите, Македонија е со најлоша статистика и има најголем број на жртви од коронавирусот, сметано на 100.000 жители.

Зошто оваа статистика е поразителна? Затоа што истата е доказ дека нашата земја не се избори доволно добро со коронавирусот. Изгубивме многу жртви, а бројот на новозаразени и починати секој ден расте. Нашата Влада сега, наместо да зборува за оваа аларманта статистика, говори за корона-избори.

За избори зборува и Хрватска, па владата на Заев ги користи како изговор. Но, во  што е разликата? Хрватите одлично се справија со корона кризата. Толкава земја, со толкав број на жители, на дневна основа има по две новозараени лица.

Хрватските медиуми пишуваат дека бројот на новозаразени драстично опаѓа. Дали Хрватска ќе одеше на избори ако ја имаа македонската статистика на најголем индекс на смртност во регионот? СИГУРНО НЕ.

Словенија, за споредба,  во минатите 24 часа тестирала 981 лице, а од нив позитивен бил само еден граѓанин.

Коронавирус