петок, 24. септември 2021. Вести денес: 134
home Вести

Македонија на удар на нов топол бран до крајот на неделава, од среда над 40 степени

Македонија на удар на нов топол бран до крајот на неделава, од среда над 40 степени

Под влијание на топла воздушна маса од југ, од денеска до крајот на оваа седмица времето ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината.

– Во следните денови на повеќе места температурите ќе бидат над 35 степени. Најтопло ќе биде од среда до недела кога ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури, а вредноста на УВ-индексот ќе изнесува 9. Наместа долж Повардарието температурата ќе го надмине и 40-тиот степен, соопшти УХМР.

Времето денеска е сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе
има зголемување на облачноста и во северозападните, претежно планински подрачја, ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Максималната температура во интервал од 32 до 38 степени и УВ-индексот со вредност 8.

Во Скопје денеска е сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северозападен правец и температура до 37 степени.

Коронавирус