четврток, 5. август 2021. Вести денес: 172
Вонредна вест

ЦРНА СТАТИСТИКА ВО МАКЕДОНИЈА: Од коронавирус починаа 4 лица, 219 новозаразени

home Вести

Македонија на прво место во регионот по бројот на активно заболени од коронавирус

Македонија на прво место во регионот по бројот на активно заболени од коронавирус

Земјава е на прво место во регионот со најголем број активно заболени лица од коронавирус на 100.000 жители, по што следуваат Косово и Босна и Херцеговина. Во Македонија, регистрирани се 145 активни случаи на 100 илјади жители, во Косово 61 и во БиХ 32 активни случаи на 100 илјади жители, објави агенцијата МИНА.

На четвртото место е Албанија со 28 активно болни на 100 илјади жители, а потоа следат Србија со 11, Црна Гора со девет, Хрватска со тројца и Словенија со двајца активно болни на 100 илјади жители.

Агенцијата МИНА ја пресметува стапката на активни случаи во Србија врз основа на бројот на активни болни, што е достапно на веб-страницата www.covid19.rs и бројот на жители на таа земја, што според податоците на Републичкиот завод за статистика на Србија е 6,98 милиони.

Во регионот, најголем број на инфицирани со коронавирус во однос на бројот на жители се регистрирани во Северна Македонија, по што следат Србија и БиХ на трето место. Во земјава има 2.555 заразени на милион жители, 1.875 во Србија и 1.015 заразени на милион жители во БиХ. На четвртото место е Словенија со 741 заразени на милион жители, а потоа следува Албанија со 711, Црна Гора со 600 и Хрватска со 580 заразени на милион жители.

Бројот на заразени лица е изразен на милион жители заради подобра споредба.Во однос на бројот на заразени, најголема смртност има во Словенија – 7,11 проценти, Северна Македонија – 4,72%, по што следат БиХ со 4,69% и Хрватска со 4,52 проценти.

Стапката на смртност во Црна Гора е 2,38 проценти, во Албанија – 2,15% и во Србија – 2,01%.

Најмногу тестирани во однос на еден милион жители има во Србија – 50,313 на милион жители, Словенија е на второто место со 46.151, а Црна Гора е на третото место со 26.1183.На четвртото место е Северна Македонија со 25.571 тестирани на милиони жители, а потоа следува БиХ со 23.921 и Хрватска со 17,83 илјади тестирани на милион жители.

Коронавирус