вторник, 20. август 2019. Вести денес: 0
home Вести

Македонија меѓу земјите каде Фејсбук крахира (ФОТО)

Македонија меѓу земјите каде Фејсбук крахира (ФОТО)

Од пред еден час социјалната мрежа Фејсбук има сериозни проблеми поради кои е нарушен сервисот за нејзините корисници.

Меѓу земјите кои се погодени од проблемот е и Македонија каде што дел од корисниците воопшто не можат да пристапат на своите профили.

Од специјалните сервиси кои ги следат процесите на интернет може да се види дека Фејсбук има блокада во Југоисточна Европа, Ирак, Иран, Либан, Сирија и други земји на Блискиот Исток.

Од регионот на поранешна Југославија само Словенија е поштедена од сериозни проблеми на социјалната мрежа.