вторник, 14. јули 2020. Вести денес: 119
home Вести

Македонија лидер во регионот по нови случаи на Ковид-19

Македонија лидер во регионот по нови случаи на Ковид-19

Со 101 случај вчера Македонија останува лидер во регионот по бројот на ново дијагностицирани позитивни на Ковид 19. Најблиску до нас е соседна Србија која има 69 случаи, но и значително повеќе население.

Од соседите Бугарија има 22 нови позитивни а Албанија 20. Во Босна и Херцеговина вчера се дијагностицирани 16 случаи а во Словенија само 2. Хрватска, Грција и Црна Гора вчера немаат нови случаи.

Лошо или попрецизно кажано најлошо во цела источна Европа стоиме и според бројот на смртни случаи. Со 70 починати на 1 милион жители го држиме првото место. Најблиску ни е Романија каде на милион жители починале 67 луѓе.