вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 146
home Вести

МАКЕДОНИЈА КАКО ДИВ ЗАПАД: Полицијата на Спасовски брутално на секој чекор тепа граѓани, МВР на чело со Оливер мудро молчи

МАКЕДОНИЈА КАКО ДИВ ЗАПАД: Полицијата на Спасовски брутално на секој чекор тепа граѓани, МВР на чело со Оливер мудро молчи

Ситуацијата со неконтролираното брутално однесување во МВР нема крај.

И додека првиот човек на полицијата Оливер Спасовски речиси цели 24 часа од вчерашниот брутален напад на луѓе во Битола молчи, вечерва нов инцидент со исти исход се случи во Скопје.

На видеото кое кружи на социјалните мрежи се гледа како полицајци запираат автомобил и од него брутално тегнат и тепаат луѓе.

Засега властите молчат речиси целиот ден за срамната бруталност на полицајците во Битола, а камо ли да се огласат за вечерашниот настан кој повторно ја згрози јавноста, погледнете.

Инаку утрово на социјалната мрежа Фејсбук осамна видео во кое се гледа како полициски службеници брутално претепуваат човек на улица.

РОМИТЕ НЕ СЕ ГРАЃАНИ ОД ВТОР РЕД! #МожетеПовеќеМожетеПолошо
Ужаснати сме од видеото кое се најде на социјалните мрежи каде се гледа полициска бруталност врз лица од ромската етничка заедница. Бараме секторот за внатрешна контрола при Министерство за внатрешни работи да го испита случајот и да ги санкционира сторителите.
Zoran Zaev Bojan Maricik Oliver Spasovski ВЕТИВТЕ ДЕКА ПРАВДА ЌЕ ИМА? ВАКА ЛИ ИЗГЛЕДА ПРАВДАТА?

Венко Филипче дo каде е истрагата за смрта на родилката од Шуто Оризари, дали воопшто случајот се истражува?
ДО КОГА РОМИТЕ ЌЕ БИДАТ ЖРТВИ НА СИСТЕМОТ!

ВРЕМЕ E РОМИТЕ ДА ГО КРЕНАТ СВОЈОТ ГЛАС!

Се вели во еден од Фејсбук статусите.

Ромите кои во вторникот направиле сообраќајка по што биле претепани од страна на сообраќајната полиција во Битола, преку обраќање во живо на фејсбук сведочеа што се случило ноќта.

За овој инцидент јавноста дозна денеска, откако на социјалните медиуми вирално се рашири видео снимка на која може да се види како полицијата брутално тепа едно лице на улица.

Според Елвис Шаќири од граѓанската иницијатива АВАJА, во вторникот, тројцата Роми со автомобил направиле сообраќајна несреќа и удриле во бетонски ѕид. Во непосредна близина на сообраќајката имало сообраќајна полиција, која како што вели Шаќири, дошла на местото на настанот и без причина полицајците ги извадиле лицата од автомобилот и започнале брутално да ги тепаат.

Во обраќањето попладнево, Ромите се идентификуваа со име и презиме и рекоа дека причината за сообраќајната несреќа била тоа што биле пијани во автомобилот, по што удриле во бетонскиот ѕид. Но, како што сведочат таткото, синот и третото лице од автомобилот, тие очекувале полицијата да им помогне по сообраќајната несреќа, а не брутално да ги тепа, пренесува Слободен печат.

Воочливо е дека таткото и синот се здобиле со потешки телесни повреди, а третиот сопатник со пукната аркада на лицето.

Сведочат дека биле задржани во полициска станица до 5 часот изутрина, како и дека веднаш штом пристигнале во станицата, тие биле малтретирани и омаложувани, нарекувани со навредливи зборови и тепани.

-Во полицијата никој не’ не прегледа. Вода побарав, вода не добив, се шегуваа и се изживуваа со нас како да сме стока, сведочи претепаниот татко, истакнувајќи дека не добиле фискални сметки во болницата за медицинскиот преглед.

На прашањето од активистите од Аваја дали знаат зошто полицијата постапила на ваков брутален начин, тие одговорија дека не постои причина која би го оправдала таквиот однос.

Видеото го завршија претставниците од граѓанската организација Аваја, повикувајќи на протест со најави дека битката за правдата за инцидентот и дискриминацијата врз Ромите ќе ја водат докрај.

Инаку јавноста денеска на социјалните мрежи бурно реагира на негрижата на првиот човек на МВР Оливер Спасовски за граѓаните на оваа земја и побараа итно да си даде оставка бидејќи Скопје и Македонија се повеќе личат на див запад овие денови.

Коронавирус