вторник, 25. јануари 2022. Вести денес: 39
home Вести

МАКЕДОНИЈА ИМА САМО ДВЕ „МАЈКИ“: Најмногу жени за градоначалници се избрани во 2017, а ниту една во 2009

МАКЕДОНИЈА ИМА САМО ДВЕ „МАЈКИ“: Најмногу жени за градоначалници се избрани во 2017, а ниту една во 2009

Само две жени градоначалнички се изгласани на локалните избори 2021 година, наспроти 79 мажи во останатите општини.

Станува збор за Данела Арсовска, независна кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, која вчера освои скоро 30 илјади гласа повеќе во Град Скопје пред противникот Петре Шилегов и досегашната градоначалничка на Старо Нагоричане од СДСМ, Жаклина Јовановска, која со 14 отсто повеќе гласови од противникот го освои вториот мандат.

Доколку ги претставиме како проценти – само 2,5 отсто од 81 македонска општина добија „мајка“. Градоначалници мажи Македонија има 40 пати повеќе.

Ова е најлоша родова распределба на градоначалничките мандати од локалните избори во 2009 година, кога не беше избрана ниту една жена на оваа функција.

Во 2013 година беа избрани 4 жени градоначалнички, додека во 2017 година избрани беа 6 градоначалнички.

Годинава од вкупно 299 кандидати за градоначалник само 25 беа жени.

Коронавирус