недела, 31. мај 2020. Вести денес: 25
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Македонија и “намалената” пандемија!

Македонија и “намалената” пандемија!

Македонија и “намалената” пандемија!

Поразителна е статистиката која покажува дека во последните четири дена од оваа недела имаме 106 заболени од вирусот и за жал 10 наши сограѓани кој го загубиле животот. Ова уште еднаш покажува дека Македонија е далеку од подготвена да организира и спроведе еден процес како што се парламентарни избори.

Слушаме како надлежните кажуваат дека бројот на заболени е зголемен поради олабавувањето на мерките за ограничување на движењето на граѓаните и веднаш се поставува прашањето: ако од мало олеснување на мерките дојде до зголемување на бројот на заболени, што ќе се случи ако се организира кампања, митинзи, состаноци и слично? Од една страна велат спремни сме за избори со најмал ризик, а од друга страна кажуваат дека бројот на заболени се зголемува од малото намалување на мерките за ограничувањата.

Спроведувањето на еден таков процес на избори без намалување на ризикот по здравјето на граѓаните ќе значи самоубиство на нацијата.

Фејсбук статус на Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус