петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 124
home Вести

МАКЕДОНИЈА Е ЗАГАДЕНА ПРЕКУ ЦЕЛАТА ГОДИНА- власта ова зимо повторно ќе продава избледени лаги, граѓаните секојдневно протестираат!

МАКЕДОНИЈА Е ЗАГАДЕНА ПРЕКУ ЦЕЛАТА ГОДИНА- власта ова зимо повторно ќе продава избледени лаги, граѓаните секојдневно протестираат!

Со доаѓањето на есента и зимата во Македонија повторно се актуелизира прашањето околу загадувањето на воздухот не само во Скопје, туку низ целата држава.

Иако речиси преку целото лето загаденоста на воздухот беше алармантна во неколку скопски општини и македонски градови, со доаѓањето на есента и зимата Македонија ќе биде топ тема во светски рамки, па повторно светските медиумски куќи ќе прават прилози од кои ќе не сожалува целиот свет.

Според познатиот светски медиум „Bloomberg“ Македонија е во пад од 12 места на светскиот индекс за здрави нации.

За само две години Македонија е последна во регионот и сите екс-ЈУ држави вклучувајќи ја и Албанија. Пад од цели 12 места од 2017 година е доказ дека македонското здравство, но и економија не функционираат.

Во контекст на анализата за здрав живот, може да се дополни и со квалитетот на воздухот кој го дишат Македонците.

Според „AirVisual“ на почетокот на 2019 година Скопје бил најзагаден град во светот.

Доказ дека и ова зимо ќе бидеме на врвот на оваа листа се НЕпреземањата на никаквите мерки против загадувањето од страна на власта предводена од СДСМ, која наместо живот во Македонија донесе НЕживот.

Во јули годинава Македонија стана вицешампион на европската ранг-листа за мерење на загаденоста на воздухот со ПМ 2,5 честички на метар кубен, а од самиот врв не делеше само Босна и Херцеговина.

Дивите депонии, новите рудници, малите хидроцентрали, увезувањето на отпадот од западните земји се само дел од нештата кои придонесоа Македонија да се гуши среде лето, а со тоа паднаа во вода сите изјави и тези на заменикот министер за животна средина Јани Макрадули кој ги убедуваше граѓаните минатото зимо дека загаденоста ја има само во зимскиот период бидејќи домаќинствата се греат непрекинато.

Ова лето висока загаденост на воздухот имаше и во Карпош, а граѓаните со недели преку социјалните мрежи молеа Стефан Богоев да преземе нешто наместо да купува електрични тротинети и да ги промовира преку Фејсбук.

Граѓаните на скопската општина Карпош веќе со денови се жалат на високото ниво на загаденост во општината кое се случува во лето.

Социјалните мрежи веќе со денови вријат со остри критики кон градоначалникот и неговото не преземање ништо со овој проблем.

-Карпош 2 труе!

-И Карпош 4

-Не да труе, корне… не отруја…

-Тафталиџе 1 не се диши. До кога вака народе!!! Дали имаме градоначалник или само фигура!!!, прашуваат револтираните граѓани преку социјалните мрежи.

-И на млечен е ужасно. Прозор не се отвора, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.

И додека Карпош веќе со денови е загаден Стефан Богоев во предизборниот период за локалните избори во 2017 година ветуваше попис на зеленилото на територија на општина Карпош како и иницијатива за формирање на Еко полиција во соработка со извршната власт.

 

„О2 Иницијативата“ пред неколку денови споделија статус на Фејсбук во кои велат дека „автобусите на ЈСП не само што загадуваат, туку се ризик и по животот на тие што се возат во нив“.

Од вкупно 417 автобуси, исправни се само 262, а во оптек се само 209, половина од она што се води како возен парк на ЈСП (податоци за 2019, јан-јун)! 155 од автобусите се НЕИСПРАВНИ.
4 автобуси се стари помеѓу 36-40 години,
16 помеѓу 31-35 год,
33 помеѓу 26-30 год,
14 помеѓу 21-25 год,
37 помеѓу 16-20 год (податоци за 2017, сега се за уште 2 години постари истиве автобуси).
Дневно во резерва има 16, рекордно најмал број.

Минатата година, испаѓа дека неисправни автобуси биле ставени во оптек, зошто технички исправни биле 65%, а се искористиле 78% од вкупниот возен парк?!?

Телма во декември 2018 пишуваше дека 30 црвени од кинеските се претворени во отпад, и 13 од вкупно 80 украински, набавени само пред 7 години.

Некои биле расипани уште од 2015, со дефекти на мотори и менувачи, а сервисирањето било скапо, комплицирано и економски неисплативо, зошто во меѓувреме овие автобуси служеле како депо на резервни делови и се ваделе други делови. Така од 15 панорамски двокатни останале само два лани. Се ваделе мотори, менувачи, прозорци, шофершајбни, кочници, столчиња, и др. за да ги стават во затворените двокатни.

Во дефицит на автобуси, зошто „новите“ од пред 7-8 години расипани, демонтирани, на нивно место ги пуштиле старите од пред 30 години.

Најновите на гас кои Шилегов две години ги збори, ќе ги видиме дури во првата половина на 2020. Колку точно од најавените 30-40, иднава недела ќе се дознае кога ќе го потпишат договорот со хрватската компанија Ауто Хрватска која го доби тендерот.

Пак ќе сведочиме на постојаните дефекти на кинеските и украинските за кои се дадени 54 милиони евра и ќе стравуваме од нивно самозапалување возејќи се. Зошто овие на гас само ќе ги заменат размонтираните што сега им служат за резервни делови.

Као вели Грета во последното видео, „Ова не е дрил“. Е не е. Ова е нашата хард кор реалност, каде ај што ќе се надишеш црнила, туку можеш и да загинеш возејќи се во име на почистата иднина и Зелено Скопје. Лудо сè до даска.
Пријавете го Скопје за следниот Survivor. Ова треба да се преживее. стои во нивниот пост на Фејсбук.

Инаку протест против континуираното загадување на воздухот најавува и општина Гази Баба за на 3 октомври.

Организатор на протестот е Иницијативата „Автокоманда сака да дише“, формирана како резултат на перманентните жалби на граѓаните од скопските населби Автокоманда и Железарница и околните населби, поради загадениот воздух и негрижата на надлежните институции за заштита на животната средина организираат протест на 3 октомври.

Инаку претходно протест имаше и во скопската општина Карпош под мотото „Пречек на трамвајот наречен Желба за чист воздух“, во организација на граѓанските иницијативи Ние сме Карпош 4 и Екокарпош 3,2,1.

Проблемот со загадениот воздух го делат и многу други општини и градови во Македонија, а еден од нив е и Тетово.

Еколошките невладини организации критикуваат дека Општина Тетово тешко се справува со проблемот со загадувањето. Властите, пак, велат дека работат на проблемот.

Дали повторно ќе се соочат со загадениот воздух и високи концентрации на отровните ПМ честички е прашање што ги мачи жителите на Тетово, со оглед дека така е речиси секоја зима со години наназад. Аријанит Џафери од еколошкото здружение Еко Герила смета дека во минатото се покажало дека општината тешко се справува со проблемот, пренедува Радио Слободна Европа.

„Дека има нула денари за таа цел. Ние сме разочарани целосно од општинската власт во оваа насока. Мислиме дека немаат воопшто интерес да се справат со оваа работа“, рече Џафери.

Од општинската организација на партијата ДОМ сметаат дека е време за радикални мерки и на пример да не се дозволува возила надвор од Тетово да влегуваат во градот. Бараат возилата да се паркираат пред Тетово и за сите луѓе да има јавен превоз.

„Ќе биде ефикасен начин да слеземе под горната граница на концентрациите. Затоа што вториот чинител, а тоа е греењето на домаќинствата е потежок за решавање“, изјави Валентин Тасевски.

Иако граѓаните се оптимисти дека некоја друга земја ова зимо ќе го заземе тронот во светски рамки во загаденост, заменик министерот Макрадули трета година по ред само лажно ветува и манипулира со јавноста…истото ќе следува и во текот на ова зимо…

Коронавирус