среда, 27. октомври 2021. Вести денес: 153
home Вести

„Македонија е најзадолжена во историја, најсиромашна, најнесреќна и најкорумпирана во Европа, а Заев бесрамно јаде од златни лажици“

„Македонија е најзадолжена во историја, најсиромашна, најнесреќна и најкорумпирана во Европа, а Заев бесрамно јаде од златни лажици“

Дури фамилијата на Зоран Заев јаде со златен прибор кој чини над 50 000 евра, над 54.000 лица останаа без работа за само една година, а уште 50.000 други работници не земаат редовно плата, ова денес преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Заеви уживаат во луксуз и златни лажици кои вредат цело богатство дури половина милион граѓани на Македонија живеат во сиромаштија со две евра на ден. Да биде безобразието поголемо Заеви се фалат со своето богатство стекнато со матните зделки и тендери во време кога народот нема ни за леб, кога десетици илјади семејства на тутунари, лозари, оризари не можат да си ги земат тешко заработените пари, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ потенцираат дека се дури е Заев власт до тогаш ќе гледаме како Македонија тоне. Дури тој ужива во златниот прибор, Македонија е најзадолжена во историјата, најнесреќна, најсиромашна и најкорумпирана држава во Европа.

Локални избори 2021